klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·14. 10. 2026. 11:01:15

Европската Унија останува стратешка цел на државата и во тој поглед нема никакво поместување, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли од Европскиот фронт за стратегијата на Владата за деблокирање на евроинтегративниот процес и отворањето на преговарачките поглавја. -Европската Унија останува наша стратешка цел и тука нема поместување ниту милиметар. Ние сакаме тој процес, како што сме кажале многупати во минатото, да го почнеме и да го завршиме, не само да го почнеме. Гледате како се менува постепено реториката во Парламентот од седница во седница, од месец во месец, од година во година, кога и самите вие велевте дека ова е решение за членство, сега велите дека е решение за почеток на преговори, што е точно, ова е решение за почеток на преговори - истакна Мицкоски. Тој нагласи дека Владата води дијалог со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот. -Во овој дијалог во којшто го водиме со Бугарија, апсолутно, еве вие како здружена опозиција на неколку политички партии, предложете претставници да бидат дел од тимот којшто ќе го води тој дијалог со нашиот источен сосед. Ние апсолутно тоа ќе го почитуваме - нагласи премиерот. Во одговорот тој оцени дека актуелната состојба…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti