Јакупоски: Ги подобруваме условите во Маврово и Ростуше

Денес стојам пред вас да поднесам Отчет за тоа што го имаме сработено, јас како Градоначалник, заедно со Советот на општината и општинската администрација. Отчет кој преставува сублимирана информација за одлуките кои ги донесовме, за проектите кои ги реализиравме и најважното пред се за резултатите што ги постигнавме за нашите сограѓани и нашата општина. Пред една година ја презедов одговорноста да ја водам општината, изјави Онер Јакупоски, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше. Тој истакна дека при преземањето на функцијата бил свесен за бројните предизвици и проблеми со кои се соочува општината, нагласувајќи дека приоритет било подобрувањето на нејзиното функционирање и унапредувањето на услугите за граѓаните. „Знаев дека пред нас има многу работа. Знаев дека има проблеми кои со години чекаат решение, но знаев и дека со сериозна работа, со чесен однос и со одговорно управување можеме да направиме промени. Денес, по нецела една година, сакам пред вас да направам отчет за она што го сработивме. Не само со зборови. Туку со конкретни мерки, конкретни проекти и видливи резултати. Нашата прва задача беше да ја направиме Општината пофункционална, и поблиска до граѓаните.Ги подобривме условите за работа, создадовме коректна работна атмосфера, поефикасна администрација и тим кој секојдневно треба да биде во…
Povezane vijesti

Јовановски: Кичево оди напред со конкретни проекти – реконструкција на улици и локални патишта, нови детски паркови и спортски терени во комплексот „Горица“

Тоневски: Над 100 милиони денари инвестиции во патишта, водоснабдување и спортска инфраструктура во Пробиштип
