klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Илиоски: Чест ми е да ја претставувам Македонија на најголемата сцена

Илиоски: Чест ми е да ја претставувам Македонија на најголемата сцена
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·19. 10. 2026. 13:56:40

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски пред два дена во Антверп оствари голема победа на дебито во Глори против Мароканецот Ајмане Латифи на настанот Глори 110. Ова за мене е голем чекор, остварување на еден сон и огромна чест да ја претставувам Македонија на најголемата светска кикбокс сцена. Зад овој настап стојат многу труд, жртва, дисциплина и верба во патот што го избрав. Посебна благодарност до мојот тим во Холандија, кој верува во мене, ме поддржува и ми ги дава сите услови и насоки за да напредувам и да го достигнам мојот целосен потенцијал. Кога покрај себе имаш луѓе кои веруваат во тебе и кога понекогаш ти е најтешко, знаеш дека си на вистинското место. Ова е само почеток на едно поглавје за кое работев долго време. Горд сум на тоа што го постигнав, но уште погладен за она што допрва следува. Продолжуваме да работиме, да растеме и да ги поместуваме границите, со една цел, да го кренеме нашето знаме уште повисоко“, истакна Илиоски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti