Бобан Илиоски со нокаут победи во Антверп (ВИДЕО)

Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски приреди големо изненадување на GLORY 110 во Антверпен, откако го совлада фаворизираниот Ајмане Латифи со технички нокаут уште во првата рунда. Латифи влезе во борбата со биланс од 21 победа и четири порази и важеше за голем фаворит, додека на Илиоски однапред му се даваа мали шанси за триумф. Илиоски ја презеде иницијативата уште од првите секунди и во текот на само една рунда трипати го испрати противникот на подот. По третиот нокдаун, судијата ја прекина борбата согласно правилата на GLORY, а Илиоски беше прогласен за победник со технички нокаут. Со оваа убедлива изведба, Илиоски ја приреди една од најголемите сензации на вечерта и испрати силна порака во средната категорија. Воедно, тој е првиот Македонец со победа во најелитното кик-бокс друштво. https://twitter.com/i/status/2111537274613801176


