Ристовски: ФНЦ во Скопје е можност за промоција на спортот и на Македонија како спортска дестинација

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на прес конференцијата и изрази поддршка за првиот настан на најголемата ММА организација во Европа, „FNC 34 Fight Nation Championship “ што ќе се одржи на 24 октомври во СЦ „Т-Арена/Борис Трајковски“ во Скопје. Организатор на овој настан е Македонската ММА федерација со поддршка од Министерството за спорт. „Министерството за спорт секогаш ќе дава поддршка на вакви проекти кои го промовираат спортот и Македонија. Мислам дека ова ќе биде голем и убав спектакл и ќе гледаме квалитетни борби кои ќе го промовираат спортот, но ќе ја провомираат и Македонија како спортска дестинација“, истакна министерот Ристовски. ФНЦ за првпат доаѓа во Македонија, но со оглед на се растечката популарност на ММА борбите нјавена е долгорочна соработка и организација и на други настани во иднина. „По повик од многубројни фанови од Македонија, ФНЦ доаѓа по првпат во Скопје. Многу веројатно не сме последен пат овде. Доаѓаме со сериозни борби, ние сме во подем, растеме секој ден. Гледачите ќе можат 4-5 часа да уживаат во спектакуларни борби“, изјави Дражен Форгач, основач и претседател на „ФНЦ“. На „FNC 34 Fight Nation Championship“ Македонија ќе биде застапена со пет борачи. Македонската ММА Федерација ќе ја претставуваат: Даниела Алексовска…


