Лазаров: Македонија мора да ги користи сите ресурси вклучувајќи го и Хориха

На прес конференција денес неа се обратија претседателот Александар Стефанов и Кирил Лазаров, а главната вест беше дека Македонија добива нов адут во тимот во името на Дмитро Хориха. „Ако нам како репрезентација ни се укаже шанса да добиеме квалитетен играч, треба да ги искористиме сите ресурси за да бидеме поквалитетни. Моето мислење за Хориха е високо со оглед на тоа што имаше одлични настапи во Македонија играјќи за Вардар. Тој беше еден од лидерите во освојувањето на титулата. Сега се пресели во посилна лига, игра во ПИК Сегед и има добра улога во овој тим играјќи и во Лигата на шампионите. Ако групата која ја градевме во претходните години го прифати, сметам дека може да придонесе да бидеме уште поквалитетни. Се работи за квалитетен шутер од надворешните позиции, игра во два правци и има победнички менталитет. Се надевам дека ќе бидеме за нијанса поквалитетни со него во тимот. Можеби ќе биде потребно малку време, ама со мојот тим ќе работиме да го инкорпорираме во системот на игра за да бидеме подобри, особено на големите турнири. На Европските и Светските првенства кога се игра секој втор ден, сметам дека добиваме голем адут. Капитенот на репрезентацијата беше известен за оваа одлука…


