klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Ѓорѓиевски: Над 200 камери ќе бидат поставени на критични точки низ Скопје за спречување на вандализмот

Ѓорѓиевски: Над 200 камери ќе бидат поставени на критични точки низ Скопје за спречување на вандализмот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·20. 10. 2026. 11:54:27

Повеќе од 200 камери се планира да бидат поставени на критични точки низ Скопје, на места каде што се создаваат диви депонии и во паркови кои се цел на вандализам, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. За нивното поставување, како што рече, се чека финално одобрување од Агенцијата за заштита на личните податоци. -Сега го чекаме финалното одобрување од Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе од 200 камери ќе поставиме на критични точки низ Град Скопје. Ќе бидат опфатени места каде што се создаваат депонии и паркови кои постојано се под удар - рече Ѓорѓиевски. Како пример ја посочи обновената фонтана „Лотос“ во Градскиот парк и оштетувањето на урбаната опрема со графити. -Ја обновивме по толку години, прекрасно изгледа и тоа е еден од препознатливите белези на Град Скопје. Откако ја обновивме, трипати досега со графити ги исцртуваат клупите што постојано ги бојадисуваме преку нашето јавно претпријатие - рече Ѓорѓиевски. Според него, покрај преземањето мерки, неопходно е да се работи и на подигнување на свеста кај граѓаните за зачувување на јавниот простор. -Град Скопје не е на Орце, ниту на некоја политичка партија. Градот е на сите скопјани и како што си го чуваме својот дом, така…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti