klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Ѓорѓиевски: „Дрисла“ во фокус наредната година, целта е создавање современ рециклажен центар

Ѓорѓиевски: „Дрисла“ во фокус наредната година, целта е создавање современ рециклажен центар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·20. 10. 2026. 11:42:21

Реорганизација на депонијата „Дрисла“ и создавање рециклажен центар ќе бидат еден од главните фокуси на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во наредната година. Скопскиот градоначалник нагласи дека за реализација на проектот разговарал и со претседателот на Владата, а како опција се разгледува јавно-приватно партнерство. -Јас веќе сум при крајот на првата година од мојот мандат. Она што ми е сериозен фокус за наредната година е депонијата „Дрисла“, која според мене, но и според нашите сограѓани, не ги задоволува стандардите за тоа како треба да изгледа една современа депонија - изјави Ѓорѓиевски. Како пример за тоа како треба да биде уредена „Дрисла“, Ѓорѓиевски го посочи системот во Љубљана. -Фасциниран сум од системот во Љубљана и од тоа како е уредено таму. Разговаравме во неколку наврати со претседателот на Владата околу обезбедување средства за реорганизација на депонијата „Дрисла“ и создавање рециклажен центар таму - рече Ѓорѓиевски. Според него, идејата е со преработката на отпадот да се создаваат енергенси, односно гориво што Град Скопје би можел да го продава и на тој начин да остварува приходи. Доколку не бидат обезбедени средства за проектот, Ѓорѓиевски најави дека следна опција ќе биде јавно-приватно партнерство. -Доколку не обезбедиме средства, а тоа сум го кажал и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti