klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање – за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување (ВИДЕО)

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање – за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување (ВИДЕО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·16. 10. 2026. 16:39:43

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски и истакна дека дека до крајот на годината, скопјани по 30 години чекање ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар. -За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии. Дадов збор дека нема да дозволам мојот народ повеќе да живее со лажни ветувања. Денес, делата говорат. Повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар за полесно секојдневие, помалку метеж и повеќе време со своите семејства. Даден збор. Исполнето ветување, вели Ѓорѓиевски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti