Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце – Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите и волонтерите, ја продолжија големата акција за расчистување на Скопје. - Илјадници луѓе повторно ја претворија љубовта кон Скопје во дело. Со засукани ракави и со искрена желба да придонесат, покажаа дека чист и уреден град се создава со труд, со одговорност и со заедништво. На секој што се приклучи му благодарам од срце. Денес покажавте колку сме силни кога работиме за иста цел. Посебна благодарност упатувам до советниците од опозицијата кои се придружија на акцијата. Скопје е дом на сите нас, а грижата за него треба да нè обединува. Само заедно, со меѓусебна почит и подготвеност секој да го даде својот придонес, можеме да ги направиме промените што сите ги посакуваме. Зад секое исчистено катче има нешто многу поважно од убавата слика - поздраво место за живеење, побезбеден простор за детска игра и маало во кое е убаво да се расте. Нашите деца заслужуваат зеленило, чисти паркови и уредени населби – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски им порача на сите што несовесно фрлаат отпад да го почитуваат трудот на нивните сограѓани. - Некој денес одвои од своето време, се наведна и го собра она што друг го фрлил…
Povezane vijesti

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk

(ВИДЕО) Апасиев го праша Мицкоски за бизнисите на баџанакот, а премиерот му порача обвинувањата да ги докаже на суд
