Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство

Градот Скопје го реконструира вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, како дел до активностите за реконструкција на паркот „Жена борец. - Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом. Некои рани никогаш не зараснуваат. Таква е и раната за децата бегалци коишто прерано останале без своите домови. Овој споменик којшто во моментов го реконтруираме беше мета на вандализам во минатото и со години стоеше без плоча и без никакво обележје, но веќе започнавме активности со коишто спомен-обележјата во главниот град ги враќаме во првобитна состојба, бидејќи станува збор за спомен-обележја, коишто се одлика за минатото, но и правец каде во иднина треба да се движиме ние како нација, како народ и како жители на град Скопје, но и потсетник да бидат за младите коишто треба да си ја знаат својата историја. Освен овој споменик и на останатите споменици каде што има аномалии во наредниот период ќе превземеме активности за да ги ревитализираме целосно. Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. [facebook_post url="https://www.facebook.com/reel/1097713266309164"] Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек…
Povezane vijesti

Ѓорѓиевски: Над 200 камери ќе бидат поставени на критични точки низ Скопје за спречување на вандализмот

Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце – Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град
