Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа – ЗОО Скопје се менува

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека интензивно се работи на обнова и модернизација на Зоолошката градина во Скопје, со реновирање на постојните и изградба на нови живеалишта за животните. -Со силна посветеност и конкретни дела ја модернизираме скопската Зоолошка градина, место во кое растеле генерации, се создавале најубавите детски спомени и се раѓала љубовта кон животните и природата. Токму затоа, нејзината обнова за нас е голема одговорност. Скопје заслужува Зоолошка градина со која ќе се гордее, а животните заслужуваат квалитетни услови, стручна грижа и достоинствен третман - напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи. [facebook_post url="https://www.facebook.com/1OrceGj/posts/pfbid031hpqYwdEWcrdNhT39cd6hEwjc6q6zDFEEhdFtEbqRG8mHMSYaAt4dqSdz5iTP2VRl"] Тој информира дека во изминатиот период се заменети крововите, поставени се нови огради кај лавовите и дополнителни заштитни огради, изграден е моторички парк за најмладите, а во тек е и обновата на платото пред Зоолошката градина. -Нашите заложби се насочени и кон збогатување на животинскиот свет со нови видови, со соодветни живеалишта и услови приспособени на нивните потреби. Секој чекор мора да биде воден од грижата за животните и од одговорноста што ја имаме кон нив - наведе Ѓорѓиевски. Според него, целта е ЗОО Скопје да прерасне во водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните. -Создаваме подобри услови…
Povezane vijesti

Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце – Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град

Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓаните
