Sjeverna Makedonija11244 vijesti
SvijetСАД планираат дополнителни 242 милиони долари помош за борба против еболата во Африка
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да обезбеди дополнителни 242 милиони долари за поддршка на борбата против епидемијата на ебола во Африка, соопшти американскиот Стејт департмент. Средствата, чие одобрување зависи од консултациите со Конгресот, ќе бидат наменети за брза реакција на епидемијата, зајакнување на регионалната подготвеност и хуманитарна помош поврзана со ширењето на болеста. Инаку, откако стапи на должност во јануари 2025 година администрацијата на Трамп значително ги намали програмите за меѓународна помош. Намалени беа средствата за странска помош, преиспитани беа повеќе меѓународни програми, а САД се повлекоа и од Светската здравствена организација (СЗО). Од Стејт департментот наведоа дека новото финансирање се надоврзува на обврските што САД ги презедоа на Самитот на Групата Г-7 во јуни и дека со него вкупната директна американска помош за справување со еболата ќе надмине 512 милиони долари. Покрај тоа, администрацијата најави и дополнителни 350 милиони долари хуманитарна помош за Демократска Република Конго, Јужен Судан и Уганда. Тие средства се дел од претходно објавениот пакет од 1,8 милијарди долари за Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) и се наменети за поддршка на повеќе земји. Еболата е високо заразна и често смртоносна вирусна болест што се пренесува преку директен контакт или…
SvijetДенес се празнува Светата маченичка Христина
Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите ѝ го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до […]
SvijetАвстрија регистрира нов температурен рекорд
Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред. Во Бад Дојч-Алтенбург, населено место во близина на Виена, вчера попладне температурата достигна 41,2°C во 15:40 часот, соопшти „Геосфера Аустрија“ (GeoSphere Austria). Според податоците на „Геосфера“, во историјата на метеоролошките мерења во Австрија никогаш досега немало три последователни дена со температури од 40°C или повеќе. Во понеделникот на 3 август во Виена беа измерени 40,1°C, во вторник исто така таму 41°C, а во среда во Бад Дојч-Алтенбург 41,2°C. Вкупно во 27 мерни станици на „Геосфера“ вчера беа поставени нови апсолутни температурни рекорди за соодветните места. Највисоката температура надвор од Виена, Долна Австрија и Бургенланд беше измерена во Санкт Андре, Корушка (38,9°C), што исто така претставува нов апсолутен рекорд за оваа мерна станица. Изминатите денови, најмногу во североисточниот дел на Австрија, повеќепати е регистрирана и зголемена концентрација на озон. И вчера во голем дел од алпската земја беа измерени покачени нивоа, што може дополнително да го зголеми оптоварувањето врз организмот предизвикано од екстремните жештини. Според „Геосфера“, приземниот озон претставува зголемен ризик за здравјето најмногу за децата, постарите лица, луѓето со заболувања на дишните патишта, како и за сите кои вршат физичка активност на отворено. Се очекува пикот на топлотниот бран веќе да е…
SvijetМИ6 е најмоќна тајна служба, каде е ЦИА
Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин „Л’Експрес“, во кое учествувале 60 експерти од 25 земји. Како што пренесува „Гардијан“, МИ6 освоила 251 поен и добила високи оценки за својата способност […] The post МИ6 е најмоќна тајна служба, каде е ЦИА appeared first on Република.
Делови од Центар и Кисела Вода без вода
ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на… The post Делови од Центар и Кисела Вода без вода appeared first on Fokus.mk.
SvijetПрекин во водоснабдувањето за дел од корисниците во Кисела Вода и Центар
Прекин во восоднабдувањето денеска ќе имаат корисниците во делови од општините Кисела Вода и Центар. Како што иформира ЈП Водовод и канализација поради поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Драчевска“ бб, во близина на црквата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с. Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. Поради уличен дефект ф-80мм на „Рајко Жинзифов“ 32, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Рајко Жинзифов“, дел од „Владимир Полежиновски“, дел од „Стефан Јакимов-Дедов“ и дел од „Борка Талевски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со активностите.
SvijetПекол преку ден, попладне услови за краткотраен дожд
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Продолжува […]
Сончево и многу топло, до 39 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските… The post Сончево и многу топло, до 39 степени appeared first on Fokus.mk.
SvijetНИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ: 10 години од поплавите во Скопје во кои загинаа 22 лица
Скопје денеска одбележува десет години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови. Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август. Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите. 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи во извештаите по невремето информираше дека на Зајчев рид – главната метеоролошка станица во Скопје, бил забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи од 84,5 милиметри. Да не се заборави, но никогаш да не се повтори!
SportПобегна во Реал за бадијала, доби шлаканица од Мурињо, а сега сака назад на „Енфилд“!
ФОТО: Real Madrid FC/FB Со доаѓањето на Дензел Дамфрис, на сите им е јасно дека Трент Александер – Арнолд ќе биде во втор план, тоа и нему му е јасно. Само една година откако ги сруши сите мостови по него, одби да го продолжи договорот
Crna kronikaМВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на „Роудпол“: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
Министерството за внатрешни работи во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – „Роудпол“ (ROADPOL), заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли. Како што се наведува во соопштението, акциските контроли се насочени кон […] The post МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на „Роудпол“: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата appeared first on Република.
SvijetЈа славиме светата маченичка Христина
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јули. Светата маченичка Христина Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите и го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната возраст да ја скрие од светот заради нејзината вонредна убавина, и го одреди највисокиот кат од една висока кула и ја всели да живее таму. И ги устрои сите удобности за живот, ? даде робинки да ја служат, постави во нејзините одаи сребрени и златни идоли за секојдневно да им принесува жртви. Но на таа млада душа ? беше тегобно во онаа идолопоклоничка средина. Гледајќи ги низ прозорецот дење сонцето и сите убавини на светот, а ноќе чудесното блескање на ѕвездите, таа по својот природен разум дојде до цврстата вера во едниот жив Бог. Милостивиот Бог, Којшто го виде нејзиниот копнеж по вистината, и испрати ангел кој ја прекрсти со крсниот знак, ја нарече невеста Христова и наполно ја поучи во богопознанието. Тогаш Христина ги искрши сите идоли по нејзините одаи…