Svijet Sjeverna Makedonija
Прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците во Кисела Вода и Центар

Kurir.mk·Ивона Петрова·06. 08. 2026. 06:06:58
Прекин во восоднабдувањето денеска ќе имаат корисниците во делови од општините Кисела Вода и Центар. Како што иформира ЈП Водовод и канализација поради поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Драчевска“ бб, во близина на црквата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с. Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. Поради уличен дефект ф-80мм на „Рајко Жинзифов“ 32, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Рајко Жинзифов“, дел од „Владимир Полежиновски“, дел од „Стефан Јакимов-Дедов“ и дел од „Борка Талевски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со активностите.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

