Sjeverna Makedonija15896 vijesti
SvijetКаде испрарија девет милиони од ЕУ за канализација во Зајас?
Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во проектот за канализација во Зајас, родното место на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече Дритон Сулејмани од ВРЕДИ. Народот вели дека сонцето не може да се скрие со сито. Но, некој очигледно мислел дека овој […] The post Каде испрарија девет милиони од ЕУ за канализација во Зајас? appeared first on Република.
KulturaНеверојатната трансформација на Том Круз во новиот филм: Актерот е непрепознатлив
Во филмот, познатиот актер го игра Дигер Роквел, контроверзен милијардер и индустријалец кој се соочува со последиците од сопствените одлуки. Неговата борба да спречи катастрофа што можеби ја предизвикал станува централна во приказната, додека се обидува да го убеди светот дека тој е решението за проблемот. За време на презентацијата на проектот во Лос Анџелес, Том Круз зборуваше за тоа колку работата на овој филм била различна од сè што работел претходно. „Никогаш не сум имал ништо што би можело да ме предизвика на овој начин, а Алехандро никогаш немал такво искуство кога го започнавме овој проект. Кога ќе го видите овој филм, ќе разберете дека е целосно оригинален“, рече актерот, пишува The Guardian. Во филмот, Круз се појавува со целосно променет изглед - седа коса, поинаква физика и впечатлив акцент, што дополнително ја оддалечува оваа улога од неговите претходни херои и акциони ликови. Покрај него, во глумечката екипа се и Џон Гудман, Риз Ахмед, Мајкл Стулбарг, Џеси Племонс и Софи Вајлд. Круз нагласи дека неговото почитување кон Ињариту започнало откако го гледал неговиот филм „Amores Perros“ од 2000 година, кој го оставил без зборови. „Каков брилијантен филм. Беше неверојатен. Кога го гледав... не знам како се чувствувавте, но си…
DruštvoИ ОФИЦИЈАЛНО: Во студентски домови само за студенти до 30 години
Собраниската комисија за образование, наука и спорт денеска на седница заклучи дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, е прифатлив и го проследува на натамошно читање. Предлагачи на законот се пратениците Даниела Христова, Каролина Насковска, Иванка Василевска и Велика Стојкова-Серафимовска. Пратеничката Христова рече дека со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард се дополнува условот за сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови, така што се дефинира старосната граница за прием во студентски дом и се доуредува постапката за изрекување воспитни мерки за студентите доколку не се придржуваат до куќниот ред на домот. - Измените се однесуваат на член 24 став 1, каде што по зборот „живеење“, се става запирка и се додаваат зборовите: „а кои не навршиле 30 години на денот на поднесување на барањето за прием во државен студентски дом“. Со овој член се прецизира старосната граница за прием во студентски дом со цел да не се прават злоупотреби и во домовите да се сместуваат оние на кои навистина им е потребна ваква поддршка. Се менува и членот 27, кој се однесува на придржување на куќниот ред во студентските домови, така што на оние студенти што…
Новото економско супервештачење било клучно за слободата на Латас
Откако денеска од Кривичниот суд информираа дека обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”, во кој беше… The post Новото економско супервештачење било клучно за слободата на Латас appeared first on Fokus.mk.
SvijetЛевица: Остана уште Мицкоски да се самоизбере за член на Регулаторна комисија за енергетика – ново скандалозно назначување
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е целосно узурпирана од партиски кадри на власта. Мицкоски планира како член на регулаторното тело да ја постави Ана Виткова која моментално е советник во неговиот кабинет! Oчигледно, Мицкоски е цврсто решен да завладее целосно со енергетскиот бизнис во Македонија, велат од Левица. – Во... Текстот Левица: Остана уште Мицкоски да се самоизбере за член на Регулаторна комисија за енергетика – ново скандалозно назначување е превземен од А1он.
SvijetНачалникот на Вооружените сили на Сојузна Република Германија во официјална посета на Армијата
Делегација на Вооружените сили на Сојузна Република Германија, предводена од началникот на Вооружените сили, генерал Карстен Бројер, по приемот со високи воени почести, во Генералштабот оствари средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. За време на средбата со генералот Лафчиски беше реафирмирана долгогодишната соработка меѓу двете армии, која се реализира преку заеднички обуки, вежби, развој на способности и други форми на билатерална воена соработка. Во текот на официјалните разговори се дискутираше и за актуелната регионална и глобална безбедносна состојба, безбедносните предизвици во зоната на операции на Алијансата, регионалните планови на НАТО за Југоисточна Европа, учеството во меѓународни мисии и операции, како и за процесот на модернизација и опремување на Армијата. Пред делегацијата беа презентирани и капацитетите на армискиот полигон „Криволак“, кој е еден од најзначајните полигони за обука во Југоисточна Европа. За време на официјалната посета, генералот Бројер оствари средба и со министерот за одбрана Владо Мисајловски, на која беше потврдена одличната билатерална одбранбена соработка, изградена врз доверба, заеднички вредности и силна посветеност на колективната одбрана. Соговорниците истакнаа дека двете земји активно работат на натамошно зајакнување на соработката, која ќе придонесе за унапредување на одбранбените капацитети на македонската Армија. Во изјавите за медиумите, генералот Лафчиски…
Crna kronika30-дневен привор за СОПРУЖНИЦИТЕ-УБИЈЦИ НА ДОКТОР ТРПОВСКИ: Кои се мотивите за злосторот со умисла?
Судот го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и им определи 30-дневен притвор на сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, притворот е поради постоење опасност од бегство и влијание врз сведоци. Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека по спроведена истрага и обезбедени докази во соработка со Министерството за внатрешни работи, е расветлено убиството на Ацо Трповски. Според обвинителството, постои основано сомнение дека 65-годишен маж го сторил кривичното дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик, додека неговата 59-годишна сопруга е осомничена за помагање при извршувањето на делото. Според истрагата, осомничената претходно договорила средба со жртвата на паркинг во Автокоманда. Кратко време откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот, со кого започнале вербално да се расправаат. Во еден момент, осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починат. Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите…
BiznisЧетири компании доставиле понуди за електричните автобуси, Николоски очекува успешен тендер
Четири компании поднеле понуди на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во другите градови низ државата, информира денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Тој најави дека извештајот од евалуациската комисија се очекува во понеделник, по што јавноста ќе биде запознаена со резултатите од постапката. „Утрово добив информација дека […] The post Четири компании доставиле понуди за електричните автобуси, Николоски очекува успешен тендер appeared first on Република.
SportПознато е кога Алкараз се враќа на тениските терени
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е подготвен за враќање на тениските терени откако последните медицински прегледи покажале дека повредата на зглобот на раката е целосно санирана. Поради повредата Алкараз ги пропушти настапите на Ролан Гарос и Вимблдон, но сега повторно е во тренажен процес и започнува подготовки за враќање во натпреварувачки ритам пред САД Опен Според информациите од шпанските медиуми, новите тестови потврдиле дека неговиот зглоб е целосно заздравен, што претставува големо олеснување за вториот светски рекет и неговиот тим. Првиот сериозен предизвик за Алкараз се очекува да биде Мастерс турнирот во Синсинати, кој е на програмата од 13 до 23 август, каде Шпанецот ќе ја провери формата пред настапот на последниот грен-слем турнир во сезоната, САД Опен.
SvijetОхрид на чекор од „црвената листа“ на УНЕСКО поради дивоградби и загадување
Охридскиот Регион се најде пред најсериозниот предизвик откако е ставен под заштита на УНЕСКО. Центарот за светско наследство на организацијата објави анализа за состојбата на природното и културното наследство, во која е предложено регионот да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. Документот е објавен на 13 јули, а во него се наведува […] The post Охрид на чекор од „црвената листа“ на УНЕСКО поради дивоградби и загадување appeared first on Република.
SvijetВИДЕО | „Вие сте респектабилна сила“ – над 250 доброволци сезонава ќе се борат со пожарите во државата
Повеќе од 250 доброволци од доброволните противпожарни друштва во Македонија денеска учествуваа на постројувањето во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Тие организирано ќе учествуваат во гаснење пожари на отворено во претстојната сезона како дел од тимовите за брз одговор на ДЗС. Директорот Стојанче Ангелов во својот … ВИДЕО | „Вие сте респектабилна сила“ – над 250 доброволци сезонава ќе се борат со пожарите во државата Read More » The post ВИДЕО | „Вие сте респектабилна сила“ – над 250 доброволци сезонава ќе се борат со пожарите во државата appeared first on Слободен печат.
SportТадеј Погачар едноставно незапирлив
Тадеј Погачар го зголеми своето водство на Тур де Франс со уште една импозантна соло победа на 10. етапа до Ле Лиоран, во Масив Централ. Словенецот сега води на Тур со повеќе од три и пол минути предност од долгогодишниот ривал Јонас Вингегард, кој се заостана и изгуби повеќе време од другите кандидати за подиумот. На етапа со седум категоризирани искачувања, вклучувајќи ги и Пуј Мери Па де Пејрол и Кол де Пертус од прва категорија во последниот час од трката, Погачар повторно се наметна над пелотонот со карактеристичен напад на претпоследното искачување. Сепак, неговата последна победа беше дочекана со некои исвиркувања од публиката покрај патот, нешто што не е видено уште од доминантните денови на „Тим Скај“ и Крис Фрум, пред речиси една деценија.