Sjeverna Makedonija15641 vijesti
SvijetВоената академија дел од меѓународната истражувачка мисија ACE²-EU ACEPLORATION MISSION
Во периодот 6–8 јули 2026 година, проф. д-р Југослав Ачкоски, полковник, од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, придружна членка на Универзит „Гоце Делчев“ - Штип учествуваше на меѓународната истражувачка мисија ACE²-EU ACEPLORATION MISSION – Cybersecurity & Digital Sovereignty, која се одржа на Constantin Brâncuși University во Тaргу Жиу, Романија. Учеството на Воената академија во ваква меѓународна активност е реализирано за првпат, како резултат на заложбите на ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за унапредување на меѓуинституционалната соработка со Воената академија и нејзино активно вклучување во меѓународни научноистражувачки активности и проекти. Настанот ги обедини истражувачите и експертите од универзитетите-членки на ACE² European University Alliance, со цел развој на заеднички научно-истражувачки проекти во областа на сајбер безбедноста, дигиталниот суверенитет и иновативните дигитални технологии. Во рамките на активностите беше презентирана проектната идеја „AI-Driven Secure and Sovereign Digital Infrastructure Platform for SMEs“, насочена кон развој на интелигентна платформа за зајакнување на сајбер отпорноста, дигиталниот суверенитет и безбедната дигитална трансформација на малите и средните претпријатија. Со учеството на вакви меѓународни настани, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ продолжува активно да придонесува во европскиот истражувачки простор, да воспоставува нови научни партнерства и да ја унапредува меѓународната соработка во областите на сајбер безбедноста, дигиталната трансформација…
BiznisНови 10 жаришта на сипаници кај овци и кози, АХВ уверува дека нема опасност за луѓето
Во Македонија се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, со што вкупниот број на регистрирани жаришта од почетокот на годината достигна 17, со повеќе од 2.700 приемчиви животни. Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), новите случаи се регистрирани во Саса (Македонска Каменица), Соколарци (Чешиново–Облешево), Бигла и Косевица (Делчево), Малино … Нови 10 жаришта на сипаници кај овци и кози, АХВ уверува дека нема опасност за луѓето Read More » The post Нови 10 жаришта на сипаници кај овци и кози, АХВ уверува дека нема опасност за луѓето appeared first on Слободен печат.
KulturaИзложба на дела од Касиопеја Наумоска од денеска во фоајето на Општина Карпош
На мое огромно задоволство и почит кон другарството, текстот за изложбава го “стутка” Otec Pimen Никаде без вас другари!, вели авторката Касиопеја Наумоска по пово денешната изложба во Фоајето на Општина Карпош. Ретки се луѓето кои кога ќе затворат очи барем за миг, од трепнување до повторното отворање на очите, не се обиделе дамнешното или […] The post Изложба на дела од Касиопеја Наумоска од денеска во фоајето на Општина Карпош appeared first on Република.
SvijetАХВ: Потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, заболени се над 2.700 животни
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека од почетокот на јули се потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, со што вкупниот број жаришта во државата достигна 17. Новите случаи се регистрирани во селото Саса (Македонска Каменица), Соколарци (Чешиново-Облешево), Бигла (Делчево), Малино и Косевица (Свети Николе) и Сопот (Куманово). Од првото […]
ZabavaОткриена е причината за смртта на Сем Нил
Пневмонија е причината за смртта на новозеландскиот актер Сем Нил, кој почина во понеделник на 79-годишна возраст во болница во Сиднеј, потврди неговиот агент. Ѕвездата на филмовите „Паркот Јура“ и серијата „Пики Блајндерс“ во последните години се лекуваше од рак, но во времето на смртта повеќе не го имал, според неговото семејство, кое ја опиша неговата смрт претходно оваа недела како „ненадејна и неочекувана“, според Би-Би-Си. Долгогодишниот агент на Нил, Филип Гренц, во четвртокот објави соопштение за причината за смртта, откако разговарал со семејството на актерот, а причината беше, како што рече, „неточни информации и целосни лаги“ во медиумите. Во април оваа година, Нил објави дека е во ремисија откако неколку години претходно му беше дијагностициран не-Хочкинов лимфом, вид на рак на крвта. „Како долгогодишен застапник на Сем Нил, разговарав со неговото семејство и сакам да разјаснам некои детали за неговите обожаватели. Сем почина од пневмонија. Пред тоа, тој храбро се бореше и го победи лимфомот со нов метод на лекување, таканаречената CAR-T терапија“, рече Гирен. Гренц додаде дека Нил снимил четири проекти по ред во текот на изминатата година, од кои сите ќе бидат објавени во наредните месеци. Нил, роден во Северна Ирска и израснат во Нов Зеланд, беше…
SvijetМакедонија и европскиот парадокс на условите
Кога се анализира патот кон интеграцијата во Европската Унија, праведноста и доследните стандарди не се само административни формули – тие се темелот врз кој се гради довербата меѓу државите и народите. Европа се претставува како заедница на вредности, но токму во процесот на проширување се гледа дали тие вредности навистина важат за сите или се применуваат селективно. И токму тука се појавува парадоксот: Македонија, држава што веќе претрпе сериозни жртви во својата државност и идентитет – од промена на знамето, преку двојна промена на уставното име, па сè до уставните измени во 2001 година – повторно е ставена пред услови што не се бараат од никој друг. Овој континуитет на наметнати барања ја претвора Македонија во единствен пример каде што евроинтеграцијата не се темели на објективни реформи, туку на билатерални спорови и политички диктати. Додека други држави со значително поголеми малцински заедници напредуваат без да го отвораат својот устав, Македонија е принудена повторно да го менува највисокиот правен акт – симболот на нејзината државност. Ова не е само правно прашање туку прашање на достоинство и еднаквост. Ако Европа навистина сака да биде заедница на вредности, тогаш критериумите за пристапување мора да останат фокусирани на објективни реформи – владеење на правото…
Crna kronikaВлечел цариник со возило, побегнал од Блаце и фрлил оружје
На 15.07.2026 околу 22:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишија од слобода косовскиот државјанин Р.Е. (24). Претходно, на Граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „бмв“ со косовски регистарски ознаки, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал и […]
Косовски државјанин избегал при царинска контрола на ,,Блаце”, набрзо бил фатен со дрога и нож
Лишен од слобода косовски државјанин, избегал при царинска контрола на ГП Блаце, но набргу е фатен, пронајдени… The post Косовски државјанин избегал при царинска контрола на ,,Блаце”, набрзо бил фатен со дрога и нож appeared first on Fokus.mk.
SvijetПЕНТАГОН ВОВЕДУВА „ТЕСТ ЗА МАШКОСТ“ - Ако некому фали, ќе прима инјекции!
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави дека воениот персонал на возраст од 30 години и повеќе ќе се тестира за недостаток на тестостерон како дел од годишните здравствени прегледи, пренесува Би-би-си....
SvijetЌе биде менаџер на кинески BYD – Сијарто поднесе оставка на пратеничката функција во Унгарија
Поранешниот шеф на унгарската дипломатија, Петер Сијарто денеска објави дека поднел оставка од функцијата пратеник, откако прифатил понуда за меѓународна позиција во една од водечките светски компании, BYD. Сијарто рече дека е „исклучително почестен што му е понудена“ меѓународна позиција во BYD, еден од најголемите светски производители на автомобили и водечки производител на електрични возила. […]
SvijetБрисел: Австрија и Грција го блокираат новиот пакет санкции за Русија
Земјите од ЕУ не успеаја да постигнат договор за нов пакет санкции против Русија трет ден по ред, со што привремено се продолжува ограничувањето на цената на руската сурова нафта за уште една недела. Амбасадорите ги одложија понатамошните дискусии до 22. јули и се согласија привремено да го задржат ограничувањето на цената на нафтата на […]
SvijetПокана од Рубио: Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот, како што соопшти МНРиНТ, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам. -Настанот претставува значајна можност за продлабочување на соработката со Соединетите Американски Држави и останатите меѓународни партнери, преку поефикасна размена на безбедносни и оперативни информации и координиран пристап кон новите безбедносни предизвици, велат од Министерството. Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите. Во рамки на состанокот, министерот Муцунски ќе ги претстави националните активности за спречување на радикализацијата и насилниот екстремизам, како и напорите за натамошно унапредување на законската и институционалната рамка. Во рамки на посетата на Вашингтон, на маргините на состанокот се очекува министерот Муцунски да оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник државен секретар за Западна и Централна Европа и Јужна…