Sjeverna Makedonija399 vijesti
ZabavaКолегите од естрадата се простуваат од Владо Јаневски
Јавноста во Македонија се простува од еден од најголемите домашни музички уметници Владо Јаневски. Вчеравечер, на 28 јуни, потресе тажната вест за неговата смрт по кратко боледување во една од скопските клиники. Веста, предизвика длабока тага кај неговите колеги, пријатели и бројните обожаватели. Владо Јаневски остави неизбришлив белег врз македонската музичка сцена. Неговиот препознатлив глас и искрените текстови ги придобија срцата на генерации слушатели. Низ плодната кариера тој создаде песни што станаа дел од колективната меморија, синглови што се пееа на концерти, на семејни собири и во моменти на радост и тага. Вести за неговото замиување предизвикаа лавина од емотивни пораки и спомени. Колегите од естрадата и пријателите веднаш почнаа споделуваат тажни и проштални зборови. На социјалните мрежи се рефлектуваа стихови од неговите најпознати песни, негови фрази што одамна вградиле во јазикот на публиката, како и видеоспотови и записи од соработки кои ги потсетуваат луѓето на неговиот талент и човечност. Пере од „Нокаут“ преку заедничка фотогрфија заедно на Владо и Каролина напиша: „Си замина Владо Јаневски. Колега,музичар,човек со глас што не се правеше важен,само влегуваше во песна и таму остануваше. Со Владо работевме и студиски. Се среќававме низ музика и професионални разговори,мирни,точни,без потреба од големи зборови. Некои луѓе не мора…
ZabavaПоследно збогување за Владо Јаневски во среда во Бутел
Семејството на Владо Јаневски ја информираше јавноста за терминот и местото на последното збогување со познатиот македонски музичар, кој почина на 66-годишна возраст. Сите кои ќе сакаат да му оддадат последна почит на Владо Јаневски ќе можат тоа да го направат во среда (1 јули) во капелата на Градските гробишта во Бутел, во периодот од 10 до 11 часот. Погребот потоа ќе се изврши на гробиштата во Бутел. Со заминувањето на Владо Јаневски, македонската музичка сцена загуби еден од своите значајни автори и изведувачи, чии песни ќе продолжат да бидат дел од колективната меморија. „Има нешто посилно од сѐ“ – стих што ќе остане вечен потсетник на неговото богато музичко наследство.
ZabavaВладо Јаневски ќе биде погребан в среда
Македонската јавност сè уште е во шок и тага по веста за смртта на Владо Јаневски, еден од најзначајните музичари на домашната музичка сцена. Како што објавија од продукција „Авалон“ на својот официјален инстаграм-профил, погребот на Јаневски ќе биде в среда, на 1 јули, на Градските гробишта во Бутел. – Почитувани, Добивме информација од семејството … Владо Јаневски ќе биде погребан в среда Read More » The post Владо Јаневски ќе биде погребан в среда appeared first on Слободен печат.
ZabavaКасандра и Луис Давид заедно по 34 години : Актерите се сретнаа во Дубаи по три децении (видео)
Актерите Кораима Торес и Освалдо Риос, познатата двојка од легендарната серија „Касандра“, се сретнаа во Дубаи по повеќе од три децении за да добијат престижна награда. Сепак, сите зборуваат за тоа колку се различни денес. Додека убавата Кораима, во своите шеесетти години, блеска, изгледа природно и никогаш не била поубава, нејзиниот колега од серијата ја изненади јавноста. Многумина коментираат дека Освалдо претера со ботоксот и естетската хирургија, што му го направило лицето вкочането и целосно непрепознатливо. Освалдо објави на својот Инстаграм профил видео со Кораима од церемонијата на доделување на наградите: „Би сакал да му се заблагодарам на д-р Басем, основачот на наградата „Врвни лидери во хуманоста“, Ал Калифа Бин Зајед Ал Нахјан, и на сите прекрасни и прекрасни луѓе од Обединетите Арапски Емирати за оваа чест. Го споделувам со вас мојот говор за прифаќање на наградата полн со љубов и, пред сè, благодарност.“ „Ја посветувам оваа награда на мојата втора татковина, Венецуела, земја која ме пречека со љубов да ја снимам теленовелата „Касандра“, а која моментално минува низ многу болна криза по земјотресот“. „До мојата втора мајка Делија Фијало (нека почива во мир), авторката на „Касандра“ (без неа оваа теленовела никогаш немаше да постои), како и до земјата што…
ZabavaВладо Јаневски ќе биде погребан на 1 јули на Градските гробишта во Бутел
Добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност, соопштија од Авалон продукција. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули) во периодот од 10 до […] The post Владо Јаневски ќе биде погребан на 1 јули на Градските гробишта во Бутел appeared first on Република.
ZabavaДуа Липа отвори библиотека за забранети и цензурирани книги во Португалија
Дуа Липа, која во 2023 година го основа својот клуб за книги „Сервис95“, сега соработува со библиотеката „Лело“ во Порто, Португалија, за да отвори физичка библиотека. Библиотеката „Манифест“, која се отвори на 27 јуни, е посветена на книги „кои ја предизвикуваат моќта, цензурата, исклучувањето и доминантните наративи“, пренесуваат странските медиуми. Во соопштение за медиумите, Липа … Дуа Липа отвори библиотека за забранети и цензурирани книги во Португалија Read More » The post Дуа Липа отвори библиотека за забранети и цензурирани книги во Португалија appeared first on Слободен печат.
ZabavaТМУР со концертна промоција на деби албумот „Пустохија“ во КОТУР
По десетина настапи низ скопските клубови, во текот на кои нивниот првичен дуо формат постепено прерасна во квартет, ТМУР ќе го издадат и концертно ќе го промовираат својот деби албум Пустохија. Промоцијата ќе се одржи на 2 јули (четврток), со почеток во 21:00 часот, во КОТУР, а влезниците ќе чинат 200 денари. Албумот е снимен […] The post ТМУР со концертна промоција на деби албумот „Пустохија“ во КОТУР appeared first on Република.
ZabavaСпомен-обележје посветено на Халид Бешлиќ: Синот Дино присуствуваше на церемонијата
На Кнежак Извор, местото кое Халид Бешлиќ засекогаш го прослави со песната „Романија“, официјално беше отворен споменик посветен на легендарниот пејач. На церемонијата присуствуваше неговиот син Дино Бешлиќ, додека собраните граѓани, пријатели и обожаватели ѝ оддадоа почит на големата народна музика во емотивна атмосфера. На познатиот Кнежачки извор, место кое, благодарение на песната „Романија“, стана симбол на родното место на Халид Бешлиќ, е отворен споменик посветен на еден од најголемите уметници на народна музика во овој регион. На церемонијата присуствуваше и синот на Халид, Дино Бешлиќ, како и бројни граѓани, пријатели, жители на Кнежина и почитувачи на музиката на пејачот. Споменикот беше подигнат токму на местото кое Халид Бешлиќ го направи препознатлив низ целиот Балкан со своите стихови. Собирот нагласи дека Халид, и покрај неговата огромна популарност, секогаш останал поврзан со своето потекло и роден град, за кои често зборувал со гордост. Церемонијата се одржа во достоинствена и емотивна атмосфера, со спомени од неговиот живот, музичката кариера и трагата што ја остави во регионот. На спомен-плочата е прикажана фотографија од легендарниот пејач, а врежаната порака особено ги трогна сите што присуствуваа на отворањето. - Не дозволи изворот да се замати. Благодарам, Халид. Твоја Кнежина - пишува на плочата. Овие зборови…
Zabava„Златни денови“ Кратово со богата музичка програма на 3 и 4 јули – два дена забава за сите генерации
Кратово и оваа година ќе биде домаќин на фестивалот „Златни денови“, која на 3 и 4 јули ќе понуди богата музичка програма и забава за посетители од сите генерации. Првата фестивалска вечер, во петок (3 јули), ќе започне со етно-фолк настап на млади музичари, по што на сцената ќе настапи виртуозот на клавијатури Давор Јордановски, повеќекратен учесник на евровизиски проекти. Во продолжение ќе следуваат настапи на познатите фолк имиња Благица Павловска, Миле Кузмановски, Стојне Николова и Тони Биоритам, придружувани од оркестарот на Мерак Меана. Вечерта ќе кулминира со настапот на Роберт и Панки, кои ќе ги изведат легендарните хитови на „Куку Леле“, а забавата ќе продолжи по полноќ со победникот на „Ѕвездите на Гранд“ Никола Станишиќ, кој ќе приреди концерт со најголемите балкански хитови. Вториот ден, сабота (4 јули), започнува со настап на Лили и нејзината гитара, по што ќе настапи гостинката од Сараево Зијо Валентино. За помладата публика ќе пее Јанг Деди, а атмосферата дополнително ќе ја вжештат Амадеус Бенд. Финалето на фестивалот е резервирано за забава до зори со Диџеј Андреј. 3-ти и 4-ти јули, посетете го Кратово и бидете дел од забавата наречена „Златни денови 2026”.
ZabavaМАКЕДОНСКАТА ЕСТРАДА СКРШЕНА ОД БОЛКА, колегите се збогуваат од легендарниот Владо Јаневски
Колегите и пријателите на македонски естраден пејач, текстописец и уметник Владо Јаневски со емотивни објави се збогуваат од него. Владо Јаневски почина вчера (28.06) на 66-годишна возраст. Според досегашните информации, пејачот починал во скопска клиника по кратко боледување....
ZabavaФОТО+ВИДЕО | Кејт Мидлтон ги искачи трите највисоки врва во Велика Британија: „Ракот не го погодува само телото“
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, сподели емотивна порака за тоа како дијагнозата на рак влијае врз животот на пациентите, откривајќи дека успешно го завршила познатиот британски планинарски предизвик „Нешнал Три Пикс Челинџ“ за да го истражи животот по дијагнозата и да ја подигне свеста за важноста на сеопфатната грижа за заболените. На Инстаграм, 44-годишната Кејт … ФОТО+ВИДЕО | Кејт Мидлтон ги искачи трите највисоки врва во Велика Британија: „Ракот не го погодува само телото“ Read More » The post ФОТО+ВИДЕО | Кејт Мидлтон ги искачи трите највисоки врва во Велика Британија: „Ракот не го погодува само телото“ appeared first on Слободен печат.
ZabavaШТО КРИЕ ПЕКИНГ ПОД ЛОНДОН? Филмско сценарио или сурова реалност
Тајванскиот пратеник во Велика Британија стравува дека политичарите кои се наоѓаат на црната листа на Пекинг би можеле да бидат затворени во просториите под огромниот лондонски комплекс....