klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Последно збогување за Владо Јаневски во среда во Бутел

Последно збогување за Владо Јаневски во среда во Бутел
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·29. 06. 2026. 11:07:29

Семејството на Владо Јаневски ја информираше јавноста за терминот и местото на последното збогување со познатиот македонски музичар, кој почина на 66-годишна возраст. Сите кои ќе сакаат да му оддадат последна почит на Владо Јаневски ќе можат тоа да го направат во среда (1 јули) во капелата на Градските гробишта во Бутел, во периодот од 10 до 11 часот. Погребот потоа ќе се изврши на гробиштата во Бутел. Со заминувањето на Владо Јаневски, македонската музичка сцена загуби еден од своите значајни автори и изведувачи, чии песни ќе продолжат да бидат дел од колективната меморија. „Има нешто посилно од сѐ“ – стих што ќе остане вечен потсетник на неговото богато музичко наследство.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti