Колегите од естрадата се простуваат од Владо Јаневски

Јавноста во Македонија се простува од еден од најголемите домашни музички уметници Владо Јаневски. Вчеравечер, на 28 јуни, потресе тажната вест за неговата смрт по кратко боледување во една од скопските клиники. Веста, предизвика длабока тага кај неговите колеги, пријатели и бројните обожаватели. Владо Јаневски остави неизбришлив белег врз македонската музичка сцена. Неговиот препознатлив глас и искрените текстови ги придобија срцата на генерации слушатели. Низ плодната кариера тој создаде песни што станаа дел од колективната меморија, синглови што се пееа на концерти, на семејни собири и во моменти на радост и тага. Вести за неговото замиување предизвикаа лавина од емотивни пораки и спомени. Колегите од естрадата и пријателите веднаш почнаа споделуваат тажни и проштални зборови. На социјалните мрежи се рефлектуваа стихови од неговите најпознати песни, негови фрази што одамна вградиле во јазикот на публиката, како и видеоспотови и записи од соработки кои ги потсетуваат луѓето на неговиот талент и човечност. Пере од „Нокаут“ преку заедничка фотогрфија заедно на Владо и Каролина напиша: „Си замина Владо Јаневски. Колега,музичар,човек со глас што не се правеше важен,само влегуваше во песна и таму остануваше. Со Владо работевме и студиски. Се среќававме низ музика и професионални разговори,мирни,точни,без потреба од големи зборови. Некои луѓе не мора…
Povezane vijesti

Вака се слави: Лудница во соблекувалната на Аргентина! (ВИДЕО)
