Sjeverna Makedonija8414 vijesti
SvijetОЧАЈ ПОД УРНАТИНИТЕ НА ВЕНЕЦУЕЛА - бројот на жртвите рапидно расте!
Најмалку 235 луѓе загинаа, а над 4.300 се повредени во двата силни земјотреса што ја погодија Венецуела, додека продолжува потрагата низ урнатините. Во Каракас и соседниот крајбрежен град Ла Гварија можат да се слушнат луѓе како бараат помош од урнатите згради....
SvijetСветски ден на ладењето
Светскиот ден на ладењето е всушност меѓународна кампања за подигање на свеста во областа на ладењето, климатизацијата и топлинските пумпи и воедно ја истакнува суштинската улога што ја играат технологиите за ладење во поддршката на здравјето, безбедноста на храната, економскиот развој и условите за живот на луѓето во целиот свет. Секоја година се одбира тема […] The post Светски ден на ладењето appeared first on МКД.МК.
SvijetМетео: Следуваат неколку пеколно топли денови
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на […]
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за локална нестабилност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за… The post Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за локална нестабилност appeared first on Fokus.mk.
SvijetСончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за локална нестабилност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени. Според прогнозата на УХМР, за време на викендот и почетокот на следната седмица под влијание на топла воздушна маса времето ќе биде сончево и топло. Температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне до 39 степени. -Во вторник ќе се задржи топло време, но ќе има зголемување на облачноста со услови за пороен дожд. В среда ќе има мал пад на температурите и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
SvijetСобранието ќе ја почне 108-та седница
Собранието денеска треба да ја почне 108-та седница, а потоа да ја продолжи 106-та пленарна седница. Пратениците треба да гласаат за Дополнетиот предлог на закон за парничната постапка, Предлог на закон за високи раководители, Дополнетиот предлог на закон за користење на енергијата од обновливи извори и Дополнетиот предлог на закон за оружјето, сите во второ читање. На предложениот дневен ред е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, по скратена постапка. Се очекува дневниот ред за седницата да се дополни. На 106-та седница на дневен ред се останати измените и дополнувањата на Законот за основното образование, МИА
SvijetНова криза во Ормутскиот Теснец по напад врз трговски брод
Меѓународната поморска организација (IMO) при Обединетите нации ја суспендираше планираната евакуација на повеќе од 11.000 морнари кои останаа блокирани во Ормутскиот Теснец. Одлуката е донесена откако беше нападнат товарен брод што пловел низ оваа стратешки важна поморска рута, јавува Би-Би-Си. Нападнат товарен брод Британската агенција за поморска безбедност (UKMTO) соопшти дека во четвртокот товарен брод […]
SvijetЛов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм
Со цел да се намали ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus, која е отровна и опасна за консумација и нанесува голема штета на опремата на рибарите, но и да се заштити морскиот екосистем и да се поддржат приходите на рибарите, министерот за земјоделство и храна на Грција Маргаритис Схинас соопшти дека грчките рибари ќе добиваат по 5,33 евра за килограм уловена риба, а пилот програмата ќе се спроведе во јужниот дел на Егејското море и на Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Мерката е по примерот на Кипар, каде што рибарите добиваат 4,73 евра за килограм, а во Грција овој надомест е малку повисок. Конкретната иницијатива е во рамките на првиот пакет од седум мерки за поддршка на грчкото рибарство, чија цел е итно справување со сериозните предизвици со кои се соочува секторот, а беше соопштена од министерот за земјоделство и храна на Грција по средбата со претставници на организациите на рибарите. Схинас посочи дека грчкото рибарство во последните години се наоѓа во тешка состојба, секторот е погоден од енормно високите цени на горивото, под закана е од климатските промени, но и од разни видови риби меѓу кои и Lagocephalus sceleratus, што како што рече, веќе претставува реална опасност…
SvijetВо Црна Гора уапсен ирански хакер, кој ги оштетил САД за 3,4 милијарди долари
Во акција на црногорската полиција и американското Федерално истражно биро (ФБИ) вчера во Котор е уапсен припадник на Иранската револуционерна гарда Амир Барати, обвинет од САД за хакерски напади со кои е оштетена американската инфраструктура за 3,4 милијарди долари. Приведениот 39-годишен Барати е државјанин на Турција и на Иран, против кого во Високиот суд во Њујорк се води кривичната постапка поради кибер и организиран криминал. Во соопштението на црногорската полиција се наведува дека Барати е обвинет за заговор, компјутерска измама и хакирање и кражба на идентитети. Барати од 2013 година, како соработник на правно лице од Иран, извршил масовни хакерски напади повеќе од 150 универзитети во САД, предизвикувајќи штета проценета на повеќе од 3,4 милијарди американски долари. Украдените податоци ги користела Иранската револуционерна гарда. Тој вчера беше изведен пред истражниот судија на Вишиот суд во Подгорица и ќе биде екстрадиран во САД.
SvijetЗеленски: Одобрив 40-дневна операција за да ја принудиме Русија да ја заврши војната
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека одобрил 40-дневна кампања против Русија со цел да ја принуди Москва да ја заврши војната. – Одобрив 40-дневна операција за да се изврши притисок врз државата агресор да ја заврши војната, објави Зеленски на платформата Телеграм. Украина со месеци спроведува бранови напади со среден и долг дострел врз цели во Русија или области под руска контрола, главно насочени кон нафтената индустрија. Зеленски посочи дека одлуката ја донел откако украинските разузнавачки служби дошле до доверливи документи, кои покажуваат дека украинската стратегија на притисок дава резултати. – Дојдовме до некои интерни руски документи кои даваат вистински увид во тоа што се случува, директно кај самиот окупатор. Руското раководство навистина чувствува огромен притисок поради нашите тактики, истакна Зеленски. Тој тврди дека во украинските напади биле погодени воени и енергетски објекти во близина на Санкт Петербург, објекти на воената индустрија во Воронеж и Чебоксари, како и објекти за гас и нафта, вклучително и цели во регионот Оренбург, на повеќе од 1.200 километри од фронтот. Зеленски посочи и дека цел на нападите биле комуникациските центри на руската армија.
SvijetСончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за локална нестабилност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени. МИА Според прогнозата на УХМР, за време на викендот и почетокот на следната седмица под влијание на топла воздушна маса времето ќе биде сончево и топло. Температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне до 39 степени. -Во вторник ќе се задржи топло време, но ќе има зголемување на облачноста со услови за пороен дожд. В среда ќе има мал пад на температурите и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
SvijetНа граничните премини Ќафасан, Блаце и Свети Наум ќе има „One Stop Shop“
– Системот „One Stop Shop“ наскоро ќе биде операционализиран и на граничните премини Ќафасан, Блаце и Свети Наум, одговори заменик претседателот на Владата Беким Сали, на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли, која побара ставање во функција на системот за заеднички гранични контроли на преминот Блаце Дебар. Според заменик претседателот на Владата, Сали, одржувањето на […] The post На граничните премини Ќафасан, Блаце и Свети Наум ќе има „One Stop Shop“ appeared first on Република.