Svijet Sjeverna Makedonija
Собранието ќе ја почне 108-та седница

Sitel·nenad.boskovski·26. 06. 2026. 05:59:56
Собранието денеска треба да ја почне 108-та седница, а потоа да ја продолжи 106-та пленарна седница. Пратениците треба да гласаат за Дополнетиот предлог на закон за парничната постапка, Предлог на закон за високи раководители, Дополнетиот предлог на закон за користење на енергијата од обновливи извори и Дополнетиот предлог на закон за оружјето, сите во второ читање. На предложениот дневен ред е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, по скратена постапка. Се очекува дневниот ред за седницата да се дополни. На 106-та седница на дневен ред се останати измените и дополнувањата на Законот за основното образование, МИА
Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


