klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за локална нестабилност

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за локална нестабилност
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·26. 06. 2026. 05:54:55

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени. МИА Според прогнозата на УХМР, за време на викендот и почетокот на следната седмица под влијание на топла воздушна маса времето ќе биде сончево и топло. Температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне до 39 степени. -Во вторник ќе се задржи топло време, но ќе има зголемување на облачноста со услови за пороен дожд. В среда ќе има мал пад на температурите и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti