Sjeverna Makedonija8428 vijesti
SvijetСе зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
Бројот на загинатите, во двата големите земјотреси што ја погодија Венецуела, се искачи на 235, изјави министерот за здравство Карлос Алварадо. Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез наведе дека над 1.500 повредени луѓе се хоспитализирни. Тој додаде дека земјотресот делумно или целосно разурнал 250 згради. Околу 4.300 луѓе се повредени, а повеќе од 50.000 луѓе се водат како исчезнати. Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез потврди дека спасувачите работат на пронаоѓање на преживеани и оти помош пристигнала од САД, Доминиканската Република, Ел Салвадор, Мексико и Катар. САД ветија 150 милиони долари помош, а американската армија испрати транспортни бродови и авиони за поддршка на тимовите за пребарување и спасување. Во Венецуела беа регистрирани два големи земјотреса со интензитет од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на првиот земјотрес беше западно од градот Морон, на карипскиот брег на длабочина од 13 километри. За кратко време уследи уште еден земјотрес со епицентар на 16 километри југозападно од Морон, кој е оддалечен од Каракас 168 километри.
SvijetКим надгледуваше тестирање на оружје
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун надгледуваше тестирање на систем за повеќекратно лансирање на ракети и на самоодна хаубица од 155 милиметри. - Модернизацијата на програмите за оружје на Северна Кореја е насочена кон автоматизација, способност за долг дострел и суперпрецизност. Целта е да се обезбеди способност за одбрана на јужната граница, посочи Ким. Тој присуствуваше на тестирањето на новата верзија на 240-милиметарски систем за повеќекратно лансирање на ракети, со 24 цевки за лансирање, тактички балистички ракети, а се тестираше и. Модернизираниот систем за повеќекратно лансирање на ракети е опремен со автономен комплекс за прецизно водење, а неговиот дострел е зголемен на 90 километри. Северна Кореја минатиот месец објави дека тестирала тактички балистички ракети, артилериски гранати и високопрецизни крстосувачки ракети водени од вештачка интелигенција.
Svijet235 жртви, а 4.300 повредени во земјотресите во Венецуела
Се уште под урнатитните се трага по преживеани. Надеж во потрагата по преживеани е вадењето на дете од урантините, детето беше извлечено без никави повреди. Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија Вене
SvijetГО УКИНУВААТ EES: „Катастрофата“ за време на летната сезона ги натера аеродромите во Рим да го суспендираат новиот систем
Аеродромите во Рим ќе мора да ја суспендираат имплементацијата на новиот дигитален граничен систем на ЕУ за државјани кои не се членки на ЕУ за да избегнат „катастрофа“ за време на летните туристички месеци. Според менаџерот на аеродромот, дозволувањето на патниците да го заобиколат биометрискиот систем за влез/излез (EES) е единствениот начин да се спречи […]
SvijetМИЦКОСКИ ДЕМАСКИРА организирана бугарска кампања во Македонија
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на МРТ по повод две години од мандатот на владата, истакна дека позади провокациите кои се случија изминатиот период станува збор за организирана бугарска кампања во нашата држава, кои имаат за цел промоција неприфатливи работи, преку еден или двајца политички ликови, се вели во соопштението од Владата кое МИА го објавува интегрално....
SvijetВИДЕО: Еден од најмасовните украински напади, Русија тврди дека соборила 660 дронови
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот руската противвоздушна одбрана соборила вкупно 660 украински беспилотни летала, што претставува еден од најголемите напади со дронови од почетокот на војната. Според министерството, дроновите биле пресретнати во повеќе од десет региони, меѓу кои Московската област, анектираниот... Текстот ВИДЕО: Еден од најмасовните украински напади, Русија тврди дека соборила 660 дронови е превземен од А1он.
SvijetТрилече – мек и сочен десерт со карамел
Потребни состојки за пандишпанот: 6 јајца 100 грама шеќер 200 грама брашно ½ прашок за печиво 1 ванилин шеќер За преливот: 400 мл слатка павлака 300 мл кондензирано млеко 800 мл полномасно млеко За премачкување: 300 грама карамел крем Подготовка: Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Кога смесата ќе стане цврста и сјајна, додавајте ги жолчките една по една, матејќи кратко по секое додавање. На крај, внимателно вмешајте го брашното измешано со прашокот за печиво, користејќи најмала брзина на миксерот или шпатула за да остане смесата воздушеста. Истурете ја смесата во правоаголен плех (20 × 30 см) обложен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 180 °C околу 20–25 минути, додека пандишпанот не добие златножолта боја. Оставете го пандишпанот кратко да се излади, потоа извадете го од плехот и со вилушка или дрвен стапче направете повеќе отвори по целата површина. Во плехот најпрво истурете ја слатката павлака, а врз неа ставете го пандишпанот превртен наопаку. Оставете да отстои околу 10 минути. Во меѓувреме измешајте ги кондензираното и обичното млеко, па рамномерно прелијте го пандишпанот. Почекајте неколку минути целосно да ја впие течноста. На…
SvijetДел од Карпош ќе остане без вода 20 часа, ќе се интервенира на улица „Никола Парапунов“
Три улици во Карпош од попладнево до утре напладне ќе останат без вода поради интервенција на екипите на ЈП „Водовод и канализација“, кои доколку постојат технички предуслови, во 18 часот ќе започнат со санација на два затворачи Ф 400 и Ф 500 на улицата „Никола Парапунов“. За време на интервенцијата, без водоснабдување ќе останат жителите … Дел од Карпош ќе остане без вода 20 часа, ќе се интервенира на улица „Никола Парапунов“ Read More » The post Дел од Карпош ќе остане без вода 20 часа, ќе се интервенира на улица „Никола Парапунов“ appeared first on Слободен печат.
Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на МРТ по повод две години од мандатот на владата,… The post Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава appeared first on Fokus.mk.
SvijetПо напад врз брод, стопирана евакуацијата на морнарите од Ормуска Теснина
Меѓународната поморска организација на Обединети нации (ИМО) ја стопира планираната евакуација на повеќе од 11.000 морнари од Ормуска Теснина откако во мореузот беше нападнат товарен брод. Товарниот брод, што плови под знаме на Сингапур вчера беше погоден од непознат проектил на 75 наутички милји југоисточно од оманското пристаниште Дахит. САД тврдат дека врз бродот пукала иранската армија. Директорот на ИМО, Арсенио Домингез истакна дека бродот не пловел по рутата за евакуација на Меѓународната поморска организација. Корпусот на исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) вчера предупреди дека секој брод што поминува низ Ормуска Теснина мора да има одобрение. ИРГЦ се закани дека врз бродовите кои немаат одобрение, а ќе се обидат да поминат низ мореузот ќе бидат преземени „соодветни мерки“. - Единствена одобрена рута за транзит низ Ормуска Теснина е таа што ја објави Исламската Република Иран. Секое поминување без одобрување е неприфатливо и опасно и ќе има последици, се наведува во соопштението на ИРГЦ. Стотици бродови и илјадници морнари се блокирани во Персиски Залив од 28 февруари, кога САД и Израел го нападнаа Иран. Според потпишаниот Меморандум за разбирање помеѓу САД и Иран, Техеран треба да обезбеди безбеден премин за комерцијални бродови.
SvijetЛов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм
Со цел да се намали ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus, која е отровна и опасна за консумација и нанесува голема штета на опремата на рибарите, но и да се заштити морскиот екосистем и да се поддржат приходите на рибарите, министерот за земјоделство и храна на Грција Маргаритис Схинас соопшти дека грчките рибари ќе добиваат […]
SvijetМицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју по повод две години од мандатот на владата, истакна дека позади провокациите кои се случија изминатиот период станува збор за организирана бугарска кампања во нашата држава, кои имаат за цел промоција неприфатливи работи, преку еден или двајца политички ликови, се вели во соопштението од Владата кое МИА го објавува интегрално. „Ниски страсти и организирана кампања која овој период е забележлива. Ние сме зафатени со реконструкцијата и го користат слободниот простор, еден, двајца политички ликови во државава да се обидат да промовираат нешто кое никој не може да го прифати. Ова е еден поширок обид за влијание тука. Прилично искусен човек дипломат, на еден наш заеднички разговор многу одамна, пред 7-8 години на почетоците мои како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ми рече ако некогаш помислиш дека работите во политиката се случиле случајно, верувај не е така, не си во право, затоа што ти само не си бил информиран тоа што некој го планирал. Така што јас многу малку верувам во случајност во политиката“, вели премиерот Мицкоски. Во однос на спорот, премиерот Мицкоски посочи дека ако за нас важи правилото договорот се почитува треба и за нив да важи, но источниот сосед не сака да ги…