Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју по повод две години од мандатот на владата, истакна дека позади провокациите кои се случија изминатиот период станува збор за организирана бугарска кампања во нашата држава, кои имаат за цел промоција неприфатливи работи, преку еден или двајца политички ликови, се вели во соопштението од Владата кое МИА го објавува интегрално. „Ниски страсти и организирана кампања која овој период е забележлива. Ние сме зафатени со реконструкцијата и го користат слободниот простор, еден, двајца политички ликови во државава да се обидат да промовираат нешто кое никој не може да го прифати. Ова е еден поширок обид за влијание тука. Прилично искусен човек дипломат, на еден наш заеднички разговор многу одамна, пред 7-8 години на почетоците мои како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ми рече ако некогаш помислиш дека работите во политиката се случиле случајно, верувај не е така, не си во право, затоа што ти само не си бил информиран тоа што некој го планирал. Така што јас многу малку верувам во случајност во политиката“, вели премиерот Мицкоски. Во однос на спорот, премиерот Мицкоски посочи дека ако за нас важи правилото договорот се почитува треба и за нив да важи, но источниот сосед не сака да ги…
Povezane vijesti

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава

Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите
