Sjeverna Makedonija8592 vijesti
SvijetДржавата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
Од први јули стапува на сила целосна забрана за движење во шумите низ земјава, а владата веќе донесе одлука и за прогласување на кризна состојба поради зголемениот ризик од пожари. Казните за граѓаните кои без дозвола ќе бидат затекнати во шумските предели изнесуваат и до 2 000 евра. МВР најавува жесток одговор на терен. За лов на пироманите веќе се активирани дронови, а МВР го засилува и електронскиот надзор во критичните точки. -Во однос на пироманите кои ги имаме низ државата и ја палат својата држава, сметам дека и те како треба да го подобриме односот спрема овој вид криминалитет. Многу вложуваме во надзор и сметам дека ќе имаме подобар одговор во овој дел. Превентивните мерки и затворањето на шумските патишта беа поддржани и на денешната трибина на ИПОС. Експертите порачуваат дека безбедноста на шумските предели мора да биде приоритет број еден за сите надлежни институции во наредните два месеци. Но додека државата најавува контроли и дронови, на терен се појавуваат старите проблеми со недостиг на опрема. Од доброволните противпожарни друштва апелираат институциите итно да ги опремат службите но и реално да го вклучат доброволниот сектор. -Имаме опрема ама цела скоро 90 проценти се базира на донации и принципот на…
Svijet„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
Националната фабрика за вештачка интелигенција „Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето. Министерот за дигитална трансформација Андоновски вели дека првата задача ќе биде дигитализација на македонскиот јазичен корпус, а од есен системот ќе почне да се користи и во здравството, енергетиката, земјоделството и јавната администрација. „Во ерата на вештачката интелигенција, малите јазици немаат право на пасивност. Ако не е инвестирано во македонскиот јазик во дигиталниот простор, ризикуваме тој да биде потиснат од големите јазични модели и глобалните платформи. Затоа „Везилка“ не е технолошки проект, туку е проект за македонскиот јазик, македонското знаење и македонската дигитална иднина“, кажа министерот. Според Андоновски, „Везилка“ подоцна ќе биде вградена и во државниот портал за електронски услуги. Наместо граѓаните да пребаруваат сами, системот ќе им помага преку разговор да ја пронајдат онаа услуга што им е потребна. „Ќе имаме алатка што ќе чита податоци на македонски јазик и ќе произведува потребни резултати на македонски јазик. Да објаснам попластично: на порталот uslugi.gov.mk намерно не воведуваме алатки на вештачка интелигенција, зашто тие се базирани на некоја странска алатка. Со „Везилка“, кога ќе дојдете на порталот, веќе нема вие да пребарувате услуга, туку порталот ќе ве прашува — ќе биде агент или поддршка — што ви…
SvijetНа македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
На македонските откупувачи засега не им требала домашната пченица, затоа што наводно имале залихи од лани. Ова на земјоделците им било соопштено на состанокот кој се одржал пред неколу денови во Министерството за земјоделство. Жетвата треба да започне за неколку денови, а земјелците велат дека ваквите ставови се само тактизирање за да пченицата се купи по мизерни 10 денари за килограм, а не по 16 денари како што барале тие. Сета надеж земјоделците ја полагат во државта затоа што доколку се случи да има откуп по само 10 денари остатокот до бараната цена да им го доплати државата. „Мислам дека имаат потреба за откуп на пченица, но мислам дека им е незгодно да кажат дека сакаат да ја откупат нашата пченица по 10 денари. Со тоа во ниту еден случај нема да се сложиме ние, мислам дека и Министеството нема да се сложи со таа понудена цена која ние само замислуваме дека таа цена ќе сакаат да ја понудат. Во тој случај државата треба да ни излези во пресрет нас како производители на пченица, тоа значи дека разликата минусна од откуп до реална да ја покрие државата“, изјави Перо Стојкоски, претседател на Асоцијација на земјоделци и фармери на Македонија. Годинава…
SvijetНеопходно е посебно тело да управува со езерото
Посебно тело треба да управува со заштитата на Охридското езеро .Научната фела смета дека наместо да се префрлаат ингеренциите околу грижата ова независно тело формирано од експерти би изготвувало менџмент планови за преземање на чекори за решавање на горливите проблемите со кои години наназад се соочува природниот басен. Со примена на вакон модел на управување на нешто што се развивало скоро два милиони години и претствува лабараторија на еволуција од научен поглед може во иднина да се одржува езерото. Загадување со отпадни води ,градбите на крајбрежјето ,се поголемиот број пловни објекти се само дел од проблемите кои го загрозуваат Охридско Езеро-- едно од најстарите и најразновидните езера во светот. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Неопходно е посебно тело да управува со езерото Категорија: Македонија Новинар: Нина Аритоновска
SvijetПочна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
Започна изградбата на нов мост над реката Брегалница во близина на Бања Кежовица во Штип. Мостот е дел од новата обиколница што ќе ги поврзе населбите Пребег и Железничка со викенд-населбата Плуждино. Станува збор за капитален инфраструктурен проект на Општина Штип, инвестиција во врредност од 70 милиони денари. -Верувам ќе овозможи иден развој на овој дел од градот. Всушност обиколницата која претходно беше започната и на која веќе интензивно се работи за да добие употребна вредност и да добие функционалност, неопходно беше изградбата на овој мост, за кој веќе се започнати активностите на терен и очекувам во наредните месеци овде да се изгради она кое што го предвидува самиот основен проект - изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип. Паралелно со изградбата на новите сообраќајни врски, локалната самоуправа работи и на подготовка на детални урбанистички планови. -Обиколницата, мостот, но и сите сообраќајници кои се градат на територија на општина Штип верувам дека ќе овозможат побрз проток на возила, скратен пристап до одредени делови од градот, побрзо поврзување на одредени населби. Се прават детални урбанистички планови за да се овозможи иден развој на овој потег, со зона за домување, зона за лесна индустрија, зона за деловни објекти што ќе придонесе за ширење…
SvijetРечиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 920, а повредени се над 3.300 лица. Повеќе од 50.000 луѓе се водат како исчезнати. Спасувачките екипи и граѓаните водат трка со времето за да стигнат до преживеаните. „Досега, повеќе од 4.000 лица беа погодени од катастрофата. Вкупно 383 згради се оштетени, вклучувајќи и едносемејни и повеќесемејни куќи“, рече претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Илјадници луѓе кои останаа без своите домови и стравуваат од дополнителни свлечишта, ноќите ги поминуваат на отворено. Паркот „Али Примера“ во западниот дел на Каракас стана еден од центрите за привремено засолниште каде веќе престојуваат над 300 раселени семејства. „Ќерките ми велеа: „Мамо, извади ме од тука, не сакаме да умреме тука“. Кога видоа дека сите ги напуштаат своите домови, се упатија кон ридот. Не сакав да ја напуштам куќата сама бидејќи криминалците провалуваа во домовите, чекајќи луѓето да излезат за да можат да влезат и да им ги украдат работите“, вели жителка. Волонтери со мотори носат облека, обувки и чаршафи. Сепак, недостигаат основни средства како влажни марамчиња, пелени, душеци и средства за хигиена. Властите упатија апел до граѓаните да избегнуваат самоиницијативно патување кон Ла Гваира, бидејќи пренатрупаните патишта ја попречуваат механизацијата на…
SvijetПреглед на вестите од светот
Блискиот Исток е на чекор до отворен воен судир. Шест американски борбени авиони погодија радарски инсталации и складишта за ракети во Иран, како одговор на нападот со дрон врз сингапурскиот голем товарен брод „Евер Лавели“ во теснецот. САД предупреди дека на насилството ќе се одговори со насилство. Реакцијата од Техеран пристигна експресно.Со беспилотни летала беа нападнати американски воени цели во Бахреин, што предизвика жесток револт во ова заливско кралство и итен апел до Советот за безбедност на ОН. Мировните преговори во Швајцарија сега висат на конец. Европа се бори со историски топлотен бран кој се движи кон североистокот. Дури 193 милиони луѓе денеска се изложени на температури над 35 степени целзиусови, а најкритично е во Германија и Унгарија. Додека Велика Британија и Франција рушат јунски рекорди со измерени речиси 41 степен во Париз, граѓаните во неприлагодените станови се спасуваат со импровизации и фолии на прозорците. Во Италија, реката По се соочува со драматична еколошка криза две третини од нејзиниот проток исчезнаа, а солената морска вода навлезе 18 километри навнатре во копното, уништувајќи ги каналите за наводнување на посевите. Украина е погодена од нов бран интензивни напади. Најмалку тринаесет лица, меѓу кои и две деца, се повредени во нов руски напад…
SvijetНевреме предизвика доцнења и откажани летови на аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ во Лондон
Повеќе од 600 летови на аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ во Лондон доцнеа денеска, а десетици се откажани поради невреме проследено со грмотевици, што следеа по топлотниот бран. Британската служба за контрола на воздушниот сообраќај соопшти дека се очекува прекините во воздушниот сообраќај да траат до крајот на денот, објави Би-Би-Си. Според FlightAware, досега најмалку 367 […] The post Невреме предизвика доцнења и откажани летови на аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ во Лондон appeared first on Република.
SvijetУкраина загуби борбен авион МиГ-29, пилотот успеа да се катапултира
Украинското воено воздухопловство соопшти дека синоќа изгубило борбен авион МиГ-29 за време на извршување борбена задача во Полтавската област. Според официјалното соопштение, пилотот успеал навреме да се катапултира и безбедно да се спаси. По катапултирањето, пилотот воспоставил контакт со службата за пребарување и спасување, по што бил пренесен во медицинска установа за дополнителни прегледи. Загубата […]
SvijetСо „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
По воспоставувањето на системот „Безбеден град” за само пет месеци бројот на загинати во сообраќајот е намален за 40 проценти, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што истакна Тошковски во отчетот за сработеното, евидентирани се 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период претходната година. Од 2 февруари до 22 јуни 2026 […]
SvijetЃорѓиевски: Интензивно се работи на Вардариште, депонијата ќе прерасне во мега-парк – нови бели дробови на Скопје
Со силно темпо се работи на Вардариште. Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека, но, сигурно, заминува во историјата, напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на фејсбук. - Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект. На терен интензивно се поставуваат цевки, шахти и целокупната потребна инфраструктура, како дел од сериозниот и системски пристап кон трајно решавање на овој децениски проблем. Ова е почеток на нова приказна за Скопје - нагласува Ѓорѓиевски. Во објавата се истакнува дека по завршување на целиот процес, просторот ќе добие сосема нов лик - од депонија ќе прераснел во огромен мега - парк, ново зелено срце и нови бели дробови на главниот град. - Таму каде што со години имаше смет, чад и негрижа - ќе никнат зеленило, простор за рекреација, мир, свеж воздух и место за сите генерации. Скопје заслужува чиста животна средина, уредени простори и визија што се реализира на дело. Вардариште заминува во минатото - се додава во објавата на Фејсбук.
SvijetЦУК: Активни два пожара кај Трубарево и Опаје, еден изгаснат во Велес
Три пожари на отворен простор се евидентирани до 14 часот денеска, два од нив се сѐ уште активни, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е во општина Гази Баба, кај село Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума. Другиот активен пожар е на територија на општина Липково, кај село […] The post ЦУК: Активни два пожара кај Трубарево и Опаје, еден изгаснат во Велес appeared first on МКД.МК.