klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·27. 06. 2026. 14:34:49

Националната фабрика за вештачка интелигенција „Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето. Министерот за дигитална трансформација Андоновски вели дека првата задача ќе биде дигитализација на македонскиот јазичен корпус, а од есен системот ќе почне да се користи и во здравството, енергетиката, земјоделството и јавната администрација. „Во ерата на вештачката интелигенција, малите јазици немаат право на пасивност. Ако не е инвестирано во македонскиот јазик во дигиталниот простор, ризикуваме тој да биде потиснат од големите јазични модели и глобалните платформи. Затоа „Везилка“ не е технолошки проект, туку е проект за македонскиот јазик, македонското знаење и македонската дигитална иднина“, кажа министерот. Според Андоновски, „Везилка“ подоцна ќе биде вградена и во државниот портал за електронски услуги. Наместо граѓаните да пребаруваат сами, системот ќе им помага преку разговор да ја пронајдат онаа услуга што им е потребна. „Ќе имаме алатка што ќе чита податоци на македонски јазик и ќе произведува потребни резултати на македонски јазик. Да објаснам попластично: на порталот uslugi.gov.mk намерно не воведуваме алатки на вештачка интелигенција, зашто тие се базирани на некоја странска алатка. Со „Везилка“, кога ќе дојдете на порталот, веќе нема вие да пребарувате услуга, туку порталот ќе ве прашува — ќе биде агент или поддршка — што ви…

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti