klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ѓорѓиевски: Интензивно се работи на Вардариште, депонијата ќе прерасне во мега-парк – нови бели дробови на Скопје

Ѓорѓиевски: Интензивно се работи на Вардариште, депонијата ќе прерасне во мега-парк – нови бели дробови на Скопје
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·27. 06. 2026. 14:20:51

Со силно темпо се работи на Вардариште. Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека, но, сигурно, заминува во историјата, напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на фејсбук. - Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект. На терен интензивно се поставуваат цевки, шахти и целокупната потребна инфраструктура, како дел од сериозниот и системски пристап кон трајно решавање на овој децениски проблем. Ова е почеток на нова приказна за Скопје - нагласува Ѓорѓиевски. Во објавата се истакнува дека по завршување на целиот процес, просторот ќе добие сосема нов лик - од депонија ќе прераснел во огромен мега - парк, ново зелено срце и нови бели дробови на главниот град. - Таму каде што со години имаше смет, чад и негрижа - ќе никнат зеленило, простор за рекреација, мир, свеж воздух и место за сите генерации. Скопје заслужува чиста животна средина, уредени простори и визија што се реализира на дело. Вардариште заминува во минатото - се додава во објавата на Фејсбук.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti