Sjeverna Makedonija10087 vijesti
SvijetЗа Близнаците денес ќе биде успешен ден, а Лавовите ќе остварат голем успех
Овен Поволните аспекти ви даваат ентузијазам да постигнете висока цел која би била круна на вашиот посакуван успех. Загарантиран ви е и финансискиот успех. Ве очекува романтична средба со личност која сте ја запознале во скоро време. Бик Овој ден ќе го одбележите со неочекувано патување и средба со нови личности. Ве очекуваат нови можности и авантури. Ќе имате период на стабилност и доверба во односот со саканата личност. Заедно ќе реализирате многу животни планови. Близнаци Денеска ќе биде успешен ден за вас, особено ако ги искористите вашите креативни идеи. Пуштете ја вашата фантазија, тоа ќе биде вашиот клуч за успех. Веќе одредено време ве привлекува личност која ја познавате преку пријател. Наскоро очекувајте период во кој ќе се зближите. Рак Акцентот во текот на овој ден ќе биде ставен на донесување важни одлуки поврзани со вашето семејство. Сега ќе ја поставувате основата за долгорочните финансиски решенија. Денеска заедно со саканата личност ќе ги надминете егзистенцијалените проблеми, во врска со вашата иднина. Лав Лавови, ќе остварите голем успех, доколку се занимавате со уметност, медицина или работите со деца. Очекувајте реализирање на некои ваши поставени цели. На слободните Лавови им претстои нова романтична врска или нови познанства со луѓе од различно…
SvijetБројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3 342
Првиот земјотрес во Венецуела со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи на 24 јуни,... The post Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3 342 appeared first on 360 степени.
SvijetМосква: Руските сили ги нападнаа одбранбената индустрија и енергетските претпријатија во Киев
Руските вооружени сили во текот на ноќта извршија масовен напад како одговор на украинските напади, таргетирајќи ја одбранбената индустрија и енергетските претпријатија во Киев и во околниот регион, како и инфраструктурата на воените аеродроми во Дњепропетровската, Полтавската, Черкаската, Черниговската и Киевската област, соопшти утрово Министерството за одбрана на Русија. Во соопштението се наведува дека руските вооружени сили го извршиле масовниот удар користејќи прецизно оружје со голем дострел од копно, воздух и море, како и дронови. Во соопштението се тврди дека во тие напади се оштетени воено-индустриски комплекси, објекти за гориво и за енергетската индустрија во Киев и во Киевската област, како и инфраструктурата на воените аеродроми во областите. Најмалку девет лица загинаа, а 46 се повредени во рускиот напад врз Киев во текот на ноќта, соопшти претходно шефот на градската воена управа, Тимур Ткаченко. Руските сили во текот на ноќта извршија уште еден масовен напад врз Киев, што предизвика пожари. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека украинските разузнавачки податоци укажуваат оти Русија подготвува нов масовен напад врз Украина. Зеленски во своето вечерно видеообраќање рече дека во духот на рускиот претседател Владимир Путин е да изврши таков напад „веднаш по Денот на независноста на Америка и пред самитот на НАТО…
SvijetВо Техеран почна погребната поворка во чест на Али Хамнеи
Во Техеран денеска започна погребната поворка во чест на убиениот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи, како и на тројцата негови роднини кои загинаа заедно со него. Иранската државна телевизија пренесува слики од поворката со телото на Хамнеи како поаѓа низ главниот град, притоа истакнувајќи дека додавајќи дека во неа учествуваат „огромен број“ граѓани кои дошле да му оддадат последна почит. Хамнеи беше убиен на 28 февруари, на првиот ден од американско-израелската војна против Иран. Петдневниот период на жалост што започна во саботата, е предвидено да заврши в четврток со погребот на Али Хамнеи во светилиштето Имам Реза во неговиот роден град Машхад.
SvijetНајмалку девет жртви во руски напад врз Киев
Руски ракети и дронови го опустошија украинскиот главен град рано утрово, при што загинаа најмалку девет лица, а повредени се 46 луѓе, соопшти на Телеграм шефот на киевската градска воена управа, Тимур Ткаченко. Спасувачките тимови извлекуваа станари од зградите оштетени во ноќниот напад, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Меѓу загинатите се и две лица чии тела спасувачките служби ги извлекоа од тешко оштетена станбена зграда во историскиот кварт Подилски, информира Ткаченко. Само во историскиот кварт Подилски погодени се четири станбени згради, изјави шефот на воената управа. Спасувачките тимови ги евакуираат станарите од урнатите станови од двете страни на таа зграда, соопшти Кличко. „Од зградата во квартот Подилски, каде што дојде до делумно уривање, спасувачките тимови евакуираа 15 лица“, напиша градоначалникот, додавајќи дека од повисоките катови на зградата се спасени три жени и шест деца. Две лица загинаа во квартот Дарницки на истокот од градот, каде што делови од дрон погодија 25-катна станбена зграда, изјави Кличко. Спасувачките тимови спроведуваат акција за спасување на станарите кои се заробени на повисоките катови од зградата. Пожар зафати и 30-катен облакодер во тој кварт, каде во четвртокот загинаа голем број луѓе кога руските сили го нападнаа градот со стотици дронови и десетици ракети, убивајќи…
SvijetИ до седум часа ќе останат без струја делови од Скопје
Делови од општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија. Во општина Аеродром, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“. Во […] The post И до седум часа ќе останат без струја делови од Скопје appeared first on Република.
SvijetВо Турција приведени повеќе од 100 анти-НАТО демонстранти
Турските власти приведоа повеќе од 100 луѓе кои учествуваа во анти-НАТО демонстрациите што завчера ги организираше Комунистичката партија на Турција (ТКП), во пресрет на самитот на лидерите на НАТО закажан за утре и задутре во Анкара. Турција утре и задутре во Анкара ќе биде домаќин на лидерите на 32-та сојузници на НАТО, како и на официјални претставници од партнерските земји. Властите ги заострија безбедносните мерки ширум Анкара во очекување на самитот, забранија демонстрации, подигнаа барикади и затворија патишта во многу делови од градот. ТКП наведе дека организирала демонстрации во центарот на Анкара, додавајќи дека се приведени повеќе од 100 членови на партијата, вклучувајќи и функционери. Фотографиите на социјалните мрежи прикажуваат демонстранти како мавтаат со знамиња и скандираат слогани како „НАТО, убиецу, излегувај од земјата“, додека полицијата за разбивање демонстрации користела солзавец за да ја растера толпата. Стотици луѓе маршираа на уште едни демонстрации на ТКП во Истанбул, а во тој град се одржаа и два други собири организирани од левичарски групи. И покрај силното присуство на полицијата, во Истанбул не беа пријавени судири. Владата не се огласи во врска со демонстрациите и апсењата.
SvijetСтарец (93) СИ ЈА КРЕНАЛ КУЌАТА ВО ВОЗДУХ - Не сакал да ја остави во наследство
Кратко по полноќ, во ноќта меѓу саботата и неделата, силна експлозија на гас од сон ги разбуди бројните виенци во 21. станбен округ Флоридсдорф. Една семејна куќа на улицата „Карл-Бенц-Вег“ е целосно урната, а бројни околни куќи се тешко оштетени. Освен куќите, уништени се и паркираните автомобили, а голем број прозорци и стаклени површини се распарчиле во парчиња....
SvijetКакво време нè очекува до крајот на неделата
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во […] The post Какво време нè очекува до крајот на неделата appeared first on Република.
SvijetРецепт за ледено мохито со лубеница — најдобар летен коктел
Исчистена лубеница, листови нане, лимета, малку рум и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да направите совршено мохито. Цитрусот, аромата на нането, шеќерот и киселата вода прават одличен баланс на јачината и остриот мирис на румот. Оваа комбинација освежува, а во исто време го крева расположението. Можете да направите и безалкохолно мохито со лубеница. … Рецепт за ледено мохито со лубеница — најдобар летен коктел Read More » The post Рецепт за ледено мохито со лубеница — најдобар летен коктел appeared first on Слободен печат.
SvijetНадзорна расправа за примената на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик
Комисија за култура и туризам, во рамките на 18. седница, денеска во Собранието треба да одржи надзорната расправа на тема „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик“. На надзорната расправа, како што е најавено, поканети се министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорката на Инспекторатот за македонски јазик Менче Андреева, поранешната претседателка на Советот за македонски јазик Симона Груевска-Маџоска, претседателка на Здружението на лекторите на Македонија, Елизабета Бандиловска, директорот на НУ „Национален конзерваторски центар” и експерт за заштита на македонскиот јазик Александар Јорданоски, деканката на Филолошкиот факултет „Гоце Делчев“ – Штип Луси Караниколова-Чочоровска, вонреден професор на Студиска програма за македонски јазик и литература, Универзитет во Тетово Михајло Марковиќ и претседателка на Комисијата за култура и туризам Саранда Имери Стафаи. Воведно и завршно обраќање ќе има претседателка на Комисијата за култура и туризам, Саранда Имери-Стафаи. Во текот на надзорната расправа, членовите на матичното работно тело и пратеници кои не се членови на матичното работно тело можат да поставуваат прашања до овластените претставници. Работното тело до Собранието доставува извештај за одржаната надзорна расправа во кој е внесена суштината на излагањата, а може да предложи и заклучоци кои се доставуваат и до Владата.
SvijetМуцунски од Катар: Продлабочување на економската и инвестициската соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на дводневната посета на Државата Катар, денеска оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани. Во разговорите со претседателот на Владата беше потврдено одличното ниво на билатералните односи и беше реафирмирана заедничката определба […]