klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Најмалку девет жртви во руски напад врз Киев

Најмалку девет жртви во руски напад врз Киев
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·06. 07. 2026. 06:25:16

Руски ракети и дронови го опустошија украинскиот главен град рано утрово, при што загинаа најмалку девет лица, а повредени се 46 луѓе, соопшти на Телеграм шефот на киевската градска воена управа, Тимур Ткаченко. Спасувачките тимови извлекуваа станари од зградите оштетени во ноќниот напад, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Меѓу загинатите се и две лица чии тела спасувачките служби ги извлекоа од тешко оштетена станбена зграда во историскиот кварт Подилски, информира Ткаченко. Само во историскиот кварт Подилски погодени се четири станбени згради, изјави шефот на воената управа. Спасувачките тимови ги евакуираат станарите од урнатите станови од двете страни на таа зграда, соопшти Кличко. „Од зградата во квартот Подилски, каде што дојде до делумно уривање, спасувачките тимови евакуираа 15 лица“, напиша градоначалникот, додавајќи дека од повисоките катови на зградата се спасени три жени и шест деца. Две лица загинаа во квартот Дарницки на истокот од градот, каде што делови од дрон погодија 25-катна станбена зграда, изјави Кличко. Спасувачките тимови спроведуваат акција за спасување на станарите кои се заробени на повисоките катови од зградата. Пожар зафати и 30-катен облакодер во тој кварт, каде во четвртокот загинаа голем број луѓе кога руските сили го нападнаа градот со стотици дронови и десетици ракети, убивајќи…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti