Надзорна расправа за примената на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик

Комисија за култура и туризам, во рамките на 18. седница, денеска во Собранието треба да одржи надзорната расправа на тема „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик“. На надзорната расправа, како што е најавено, поканети се министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорката на Инспекторатот за македонски јазик Менче Андреева, поранешната претседателка на Советот за македонски јазик Симона Груевска-Маџоска, претседателка на Здружението на лекторите на Македонија, Елизабета Бандиловска, директорот на НУ „Национален конзерваторски центар” и експерт за заштита на македонскиот јазик Александар Јорданоски, деканката на Филолошкиот факултет „Гоце Делчев“ – Штип Луси Караниколова-Чочоровска, вонреден професор на Студиска програма за македонски јазик и литература, Универзитет во Тетово Михајло Марковиќ и претседателка на Комисијата за култура и туризам Саранда Имери Стафаи. Воведно и завршно обраќање ќе има претседателка на Комисијата за култура и туризам, Саранда Имери-Стафаи. Во текот на надзорната расправа, членовите на матичното работно тело и пратеници кои не се членови на матичното работно тело можат да поставуваат прашања до овластените претставници. Работното тело до Собранието доставува извештај за одржаната надзорна расправа во кој е внесена суштината на излагањата, а може да предложи и заклучоци кои се доставуваат и до Владата.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

BBC traži Trumpove poruke iz dana napada na Kapitol
