Sjeverna Makedonija5512 vijesti
SvijetХакери пробиле дигитални паричници, однеле биткоин вреден најмалку 114 милиони долари
Сериозен пропуст во областа на безбедноста на канадската компанија „Коинкајт“ доведе до кражба на огромно количество биткоини, досега вреден околу 114 милиони евра, пишува „Криптополитен“. Според порталот, истражувачи го откриле проблемот и го обвинуваат ко-основачот на компанијата, Питер Греј, кој лани наводно бил известен за слабоста, но не ја сфатил сериозно. Нападот предизвика голема тревога […]
SvijetСестрата на Ким Џонг Ун ѝ се закани на Јапонија со најава за „дополнителни воени опции“
Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, предупреди дека Пјонгјанг ќе усвои „дополнителни воени опции“ како одговор на она што го нарече трансформација на Јапонија во воена сила, откако Токио тестираше крстосувачка ракета „Томахавк“ од американско производство. Во соопштението што го пренесе севернокорејската државна агенција КЦНА, Ким ја обвини Јапонија дека го надминала одбранбениот став и ги претворила своите вооружени сили во сила способна за превентивни напади и прекуморски воени операции. Ким рече дека Северна Кореја ќе одговори на начин што ќе ја наведе Јапонија да почувствува дека нејзината безбедност е изложена на поголема опасност. - Треба да ги натераме да зажалат – рече таа. Ким, која го води одделот за водење евиденција во владејачката партија на Северна Кореја, рече дека стекнувањето капацитети на Јапонија за напади со долг дострел ефикасно ги ставило Северна Кореја и другите соседни земји во нејзиниот домет. За да се спротивстави на воените активности на Токио кои можат да претставуваат потенцијална закана за безбедноста на Северна Кореја, Ким рече дека Пјонгјанг ќе „воспостави дополнителни воени опции“, без да даде дополнителни објаснувања. Ким исто така ги обвини САД дека и овозможуваат на Јапонија да ја зајакнува војската со испорака на ракети „Томахавк“, модифицирање…
Svijet(ВИДЕО) Ноќ на ужасот во Украина: Русија го нападна Киев со балистички ракети, најмалку 15 мртви
Во руски напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Киев и околината загинаа најмалку 15 лица, а 51 се повредени, соопштија украинските власти. Во текот на ноќта избувнаа повеќе пожари во главниот град и неговите предградија, а спасувачките екипи сè уште трагаат по затрупани лица. Државната служба за вонредни... Текстот (ВИДЕО) Ноќ на ужасот во Украина: Русија го нападна Киев со балистички ракети, најмалку 15 мртви е превземен од А1он.
SvijetЦентком: Јужните рути на Ормуската Теснина отворени за сите комерцијални пловила
Јужните поморски рути низ Ормуската теснина остануваат слободни и отворени за сите комерцијални пловила што минуваат оттука, соопшти синоќа Централната команда на САД (Центком). „Во последните три месеци, американските сили помогнаа повеќе од 1.000 пловила успешно да поминат низ протокот и покрај иранската агресија, а минувањата продолжија и денеска“, се наведува во соопштението на Центком. Во одделно соопштение, Центком информира дека пренасочиле 45 пловила во рамките на „блокадата на Иран“ откако блокадата почна во средината на јули.
SvijetЖитие: Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив
Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставани на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе мртви одошто живи ги фрлија во оган. […]
SvijetМетео: Сончево и многу топло со мала локална облачност
Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. […]
SvijetДо половина час чекање на ГП „Богородица“
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничен премин Богородица се бележи време чекање за излез е околу 30 мин, за влез околу 15 мин, на другите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
SvijetНајмалку едно лице загина, а 22 се повредени во руски ракетен напад врз Киев
Најмалку едно лице загина, а 22 се повредени во руски напад со балистички ракети извршен ноќеска врз украинскиот главен град Киев, соопштија денеска украинските власти. Градската воена администрација соопшти дека е регистрирана штета во најмалку седум градски окрузи. Притоа загинала една жена, а најмалку 22 лица се повредени. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека две лица се извлечени од урнатините на срушен магацин. Во тек е спасувачка операција поради стравувањата дека под урнатините има уште затрупани. Кличко додаде дека низ градот се регистрирани повеќе удари и материјална штета, при што избувнале и пожари. Според него, украинската противвоздушна одбрана била активирана за време на нападот. Киев во последниот период често е цел на ракетни напади. Во нападите извршени во саботата загинаа најмалку девет лица, а повеќе од 30 беа повредени. Украинските власти во повеќе наврати предупредија дека им се намалуваат резервите на пресретнувачки ракети за системите „Патриот“, што се користат за одбрана од балистички ракети. (МИА)
SvijetТоварниот сообраќај на Дунав во Австрија речиси е целосно прекинат
Речниот товарен сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно во прекин поради исклучително нискиот водостој на реката, соопшти синоќа австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура. „Товарната пловидба практично е прекината, додека сообраќајот на речните крстаречки бродови исто така е значително ограничен“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството. Министерството предупреди дека водостојот на делниците од Дунав кои немаат хидротехнички објекти изнесува околу 60 сантиметри, што е под повеќегодишниот просек за периоди на низок водостој. Во долината Вахау во Долна Австрија, пловниот канал во моментот е длабок околу два метри, додека источно од Виена длабочината на пловната траса изнесува околу 1,8 метри. Тековниот период на низок водостој на Дунав е споредлив со претходните најзначајни години со екстремно ниско ниво на водата, 2003 и 2018 година, која беше последната година со волку рекордно низок водостој. Обемот на транспорт на австрискиот дел од Дунав веќе бележи пад од 25,1 отсто — од 9,6 милиони тони на 7,2 милиони тони — а оваа година се очекува дополнително намалување на транспортот поради сушата и ниското ниво на реката. „Иако нема официјални затворања на реката, оптоварувањето на пловниот пат од страна на товарните бродови би требало значително да се намали, а…
SvijetДенес се сеќаваме на Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив
Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставани на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе мртви одошто живи ги фрлија во оган. Силата Божја ги зачува неповредени од огнот. Тогаш ги извадија и ги убија со меч. Но Господ ги прослави и на земјата и во Своето небесно царство. Чесно пострадаа во Ликија во 308 година. Тропар Маченици свети Христови, вие браќа по вера станавте, напоени и закрилени од благодатта, мачењата за ништо ги сметавте, Трофиме, Теофиле и останатите, глава на исекување подадовте, но Главата во себе ја сочувавте, молете се, о вие небесни цветови, плодната земја за спасение да се умножи, семето Христово во неа плод да донесе. Светиот свештеномаченик Аполинариј Ученик на Светиот апостол Петар, родум од градот Антиохија. Свети Петар го зеде со себе од Антиохија во Рим и во Рим го ракоположи за епископ на Равена. Кога дојде во овој град, Аполинариј влезе во домот на некој војник Иринеј, на когошто му го…
Svijet(ВИДЕО) 14 лица загинаа, а 22 се повредени во руски напад со балистички ракети врз Киев, соопштија украинските власти
Сирените за воздушна опасност беа активни повеќе од еден час додека бранови од балистички ракети го погодуваа... The post (ВИДЕО) 14 лица загинаа, а 22 се повредени во руски напад со балистички ракети врз Киев, соопштија украинските власти appeared first on 360 степени.
SvijetТрамп: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо, или Иран ќе биде силно погоден
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормуската Теснина, која е блокирана од иранските сили, ќе биде отворена „многу брзо“ или Иран ќе биде „многу силно“ погоден во напад на Соединетите Американски Држави. - Протокот ќе биде отворен многу брзо, или тие (Иран) ќе бидат многу силно погодени, а потоа протокот ќе биде отворен – рече Трамп во интервју за Фокс њуз. Трамп во јужна Калифорнија присуствуваше на вечера за собирање средства за Републиканскиот национален комитет, која беше организирана на неговиот терен за голф Ранчо Палос Вердес во областа на Лос Анџелес. Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно изјави дека е „постигнат напредок“ во разговорите со Иран и Оман, кои тврдат дека го контролираат тој витален пловен пат за транспорт на нафта во регионот, но дека сè уште не е постигнат конечен договор за Ормуската Теснина.