klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Најмалку едно лице загина, а 22 се повредени во руски ракетен напад врз Киев

Најмалку едно лице загина, а 22 се повредени во руски ракетен напад врз Киев
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·05. 08. 2026. 05:59:10

Најмалку едно лице загина, а 22 се повредени во руски напад со балистички ракети извршен ноќеска врз украинскиот главен град Киев, соопштија денеска украинските власти. Градската воена администрација соопшти дека е регистрирана штета во најмалку седум градски окрузи. Притоа загинала една жена, а најмалку 22 лица се повредени. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека две лица се извлечени од урнатините на срушен магацин. Во тек е спасувачка операција поради стравувањата дека под урнатините има уште затрупани. Кличко додаде дека низ градот се регистрирани повеќе удари и материјална штета, при што избувнале и пожари. Според него, украинската противвоздушна одбрана била активирана за време на нападот. Киев во последниот период често е цел на ракетни напади. Во нападите извршени во саботата загинаа најмалку девет лица, а повеќе од 30 беа повредени. Украинските власти во повеќе наврати предупредија дека им се намалуваат резервите на пресретнувачки ракети за системите „Патриот“, што се користат за одбрана од балистички ракети. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti