klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Товарниот сообраќај на Дунав во Австрија речиси е целосно прекинат

Товарниот сообраќај на Дунав во Австрија речиси е целосно прекинат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·05. 08. 2026. 05:57:44

Речниот товарен сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно во прекин поради исклучително нискиот водостој на реката, соопшти синоќа австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура. „Товарната пловидба практично е прекината, додека сообраќајот на речните крстаречки бродови исто така е значително ограничен“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството. Министерството предупреди дека водостојот на делниците од Дунав кои немаат хидротехнички објекти изнесува околу 60 сантиметри, што е под повеќегодишниот просек за периоди на низок водостој. Во долината Вахау во Долна Австрија, пловниот канал во моментот е длабок околу два метри, додека источно од Виена длабочината на пловната траса изнесува околу 1,8 метри. Тековниот период на низок водостој на Дунав е споредлив со претходните најзначајни години со екстремно ниско ниво на водата, 2003 и 2018 година, која беше последната година со волку рекордно низок водостој. Обемот на транспорт на австрискиот дел од Дунав веќе бележи пад од 25,1 отсто — од 9,6 милиони тони на 7,2 милиони тони — а оваа година се очекува дополнително намалување на транспортот поради сушата и ниското ниво на реката. „Иако нема официјални затворања на реката, оптоварувањето на пловниот пат од страна на товарните бродови би требало значително да се намали, а…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti