Sjeverna Makedonija5448 vijesti
SvijetИран и Оман предлагаат привремен бродски коридор низ Ормускиот Теснец
Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин Хамад Ал Бусаиди по посетата на Иран изјави дека се... The post Иран и Оман предлагаат привремен бродски коридор низ Ормускиот Теснец appeared first on 360 степени.
SvijetЈанчев по индициите за подметнат пожар: Ова не е само напад врз депонијата – ова е напад врз градот, граѓаните и животната средина
На депонијата „Мелци“ продолжува интензивната интервенција. Екипите ќе работат се додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови за целосно ставање на пожарот под контрола, соопшти доцна синоќа кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. - Станува збор за пожар кој, според досегашните сознанија и начинот на неговото избивање, покажува сериозни индиции дека е подметнат. Ова не е само напад врз депонијата - ова е напад врз градот, граѓаните и животната средина - додаде Јанчев на Фејсбук. Тој истакна дека надлежните институции мора да го истражат случајот до крај. - Оние кои намерно го загрозуваат здравјето и безбедноста на граѓаните, мора да одговараат - додаде кавадаречкиот градоначалник. Јанчев информираше и дека синоќа била одржана итна седница на Кризниот штаб со која раководел самиот тој, за справување со пожарот на градската депонија. - Присутни беа претставници од Советот на Општината, ОВР - Кавадарци, ТППЕ - Кавадарци, ЈП „Комуналец“, „Мој општинар“ и општествено - одговорни компании - појасни Јанчев. Градоначалникот информираше и за донесените заклучоци. - Продолжување на акцијата - пожарот е локализиран, а целосното гаснење продолжува и во раните утрински часови. Дополнителна поддршка - во акцијата се вклучуваат приватни компании од Кавадарци со сопствена механизација. Координација - распоредувањето на терен…
SvijetПремиерот Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце
Денеска (26.08.2026 година, во 11 часот, претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. The post Премиерот Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце appeared first on Република.
SvijetПесков: Директорот на ЦИА не се сретна со Путин
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за РТВИ. - Не. Средба со претседателот немаше – одговори Песков на прашањето на рускиот ТВ канал. Одговорот на портпаролот на Кремљ пристигна откако беше објавено дека авионот со кој допатува Ретклиф ја напуштил Русија. Песков не прецизираше дали директорот на ЦИА за време на посетата на Москва му пренел на Путин некаква порака од американскиот претседател Доналд Трамп. Песков за американскиот весник „Вашингтон пост“ изјави дека посетата на директорот на ЦИА Џон Ретклиф, на Москва била поврзана со „контакти меѓу тајните служби“. Тој не откри дополнителни детали, истакнува „Вашингтон пост“. Ретклиф вчера допатува во Москва со американски воен транспортен авион Ц-17 „Глобмастер III“ (C-17 Globemaster III), кој претходно слетал во Рига. Авионот потоа продолжил кон Москва, а рускиот главен град го напуштил околу девет часа по пристигнувањето. Според податоците на сервисот „Флајтрадар“ (Flightradar), по заминувањето на американскиот авион, од московскиот аеродром Внуково полетал и авион на специјалната единица „Русија“.
SvijetМОРБИЛИТЕ ПОВТОРНО УДИРААТ ВО САД: Две жртви, најмногу заболени во последните 30 години
Морбилите повторно го креваат алармот во САД, откако две лица од Пенсилванија починаа од оваа исклучително заразна болест, што се први смртни случаи од морбили во земјата оваа година. Двете жртви биле невакцинирани и живееле во округот Ланкастер, додека САД бележат најголем број заболени од морбили во повеќе од три децении, во услови на пад на стапката на вакцинација.
SvijetКурти доаѓа во Скопје
Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска доаѓа во официјална посета на Скопје каде ќе присуствува на централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза која ќе се одржи во Музејот на современата уметност под покровителство на првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали. Тој ќе ја предводи и владината делегација која ќе […]
SvijetЕфикасна диета со портокали и јајца
Оваа диета е наменета за оние кои сакаат да ја намалат својата тежина, но и за оние кои имаат тегоби со варење на храната или нечиста кожа затоа што ја намалува апсорпцијата на маснотиите на природен начин. Диетата е прилично рестриктивна, па пред да се одлучите за нејзина примена консултирајте се со лекар. Многу е важно да си поставите реални цели. Оваа диета нуди можност за губење и до еден килограм дневно. Затоа што за време на оваа диета се внесува помалку јаглехидрати, потребна е физичка активност. Не солете ја храната премногу, наместо сол употребувајте билни зачини. Понеделник Појадок: 1 портокал (портокал, круша, праска, диња, лубеница, не смее банана и грозје), 2 парчиња двопек, шолја кафе или чај без шеќер Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 јогурт или 1 канче кисело млеко Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, половина килограм зелена салата или салата од краставици, 2 парчиња двопек Вторник Појадок: 1 портокал (портокал, круша, праска, диња, лубеница, не смее банана и грозје), 2 парчиња двопек, шолја кафе или чај без шеќер Ручек: 1 портокал, 1 јајце, 1 јогурт (или 1 канче кисело млеко), 2 парчиња двопек Вечера: 125 гр. мелено говедско месо (125 гр.варено телешко месо), 1 домат…
SvijetАдминистрацијата на Трамп привремено ги суспендираше термините за визи ширум светот
Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, привремено ги суспендира термините за поднесување барања за визи ширум светот, во рамки на заострувањето на имиграциската политика. Портпаролот на Стејт департментот изјави дека е покрената глобална програма за обука во сите американски амбасади и конзулати и дека термините за визни услуги ќе бидат приспособени за да се овозможи нејзино спроведување. Трамп спроведува опсежна кампања за депортација и заострување на имиграциската политика, која вклучува укинување на визи и зелени карти, како и одбивање на барањата поради низа причини, меѓу кои се политички ставови и учество во пропалестински протести. Трамп тврди дека целта на тие мерки е подобрување на внатрешната безбедност, но неговата политика претрпе неколку правни порази. Американски сојузен судија во петокот ја поништи политиката на администрацијата на Трамп со која беше прекинато издавањето имигрантски визи за баратели од 75 земји, заклучувајќи дека со неа е пречекорена законската овластеност на државниот секретар Марко Рубио. Стејт департментот не изнесе детали за содржината ниту за времетраењето на обуката. Соопшти само дека нејзината цел е да им помогне на конзуларните службеници да ги препознаат и одбијат барателите за кои се смета дека би можеле да станат зависни од американските социјални надоместоци, како и да се осигура…
SvijetСпречен е обид за атентат врз синот на Бенјамин Нетанјаху: „Иран се обиде да го убие“
Јаир Нетанјаху, 35-годишниот син на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, бил цел на ирански заговор за атентат додека бил во Флорида, објави американскиот медиум Newsmax, повикувајќи се на извор во американските безбедносни служби. Извештајот е објавен еден ден откако Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју за провладиниот Канал 14 изјави дека „Иран... Текстот Спречен е обид за атентат врз синот на Бенјамин Нетанјаху: „Иран се обиде да го убие“ е превземен од А1он.
SvijetОД ГОЛТАРИ ДО МИЛИОНЕРИ
До кога ќе важи правилото „Укради повеќе, лежи помалку“? Пишува: ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ Во Македонија одамна како да важи едно непишано правило: ако украдеш малку, системот ќе те стигне и ќе бидеш дебело казнет; ако украдеш многу, со гаранција ќе имаш доволно пари не само ти, туку и твоите пра-пра-внуци да го надживеете системот и да живеете како грофови. И тука е целиот наш апсурд. Во политиката влегуваат луѓе речиси како голтари, а по неколку години околу нив никнуваат станови, куќи, земјишта, фирми, автомобили, деловни простории и капитал. Нешто е нивно, нешто на сопругата, нешто на децата, нешто кај братот, кумот, пријателот или деловниот партнер. Од голтари преку ноќ стануваат мултимилионери. Опинците ги заменуваат со прескапи чевли, на рацете блескаат ролекси, околу нив мирисаат скапи парфеми, се возат во автомобили што до вчера можеле само да ги гледаат на слика и одеднаш почнуваат да глумат елита. Само што елитата не се купува со часовник, автомобил и брендирано одело. Малограѓанштината, колку и да ја завиткаш во луксуз, им се гледа од километар. И за апсурдот да биде уште поголем наједноставното прашање секогаш останува без одговор: Од каде? Не е криминал политичар да биде богат. Но ако неговото богатство расте многу побрзо од…
SvijetИ денеска сончево и топло време со температура до 37 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до […] The post И денеска сончево и топло време со температура до 37 степени appeared first on Република.
SvijetВо чест на Доли Партон, Трамп нареди да се спуштат американските знамиња на половина копје
Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на кантри музиката, почина на 80-годишна возраст. По веста за нејзината смрт, која одекна низ целиот свет, американскиот претседател Доналд Трамп нареди знамињата низ целата земја да се спуштат на половина копје. Пораки со сочувство пристигнуваат од целиот свет. Претседателот Доналд Трамп нареди сите американски знамиња да се спуштат […]