Јанчев по индициите за подметнат пожар: Ова не е само напад врз депонијата – ова е напад врз градот, граѓаните и животната средина

На депонијата „Мелци“ продолжува интензивната интервенција. Екипите ќе работат се додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови за целосно ставање на пожарот под контрола, соопшти доцна синоќа кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. - Станува збор за пожар кој, според досегашните сознанија и начинот на неговото избивање, покажува сериозни индиции дека е подметнат. Ова не е само напад врз депонијата - ова е напад врз градот, граѓаните и животната средина - додаде Јанчев на Фејсбук. Тој истакна дека надлежните институции мора да го истражат случајот до крај. - Оние кои намерно го загрозуваат здравјето и безбедноста на граѓаните, мора да одговараат - додаде кавадаречкиот градоначалник. Јанчев информираше и дека синоќа била одржана итна седница на Кризниот штаб со која раководел самиот тој, за справување со пожарот на градската депонија. - Присутни беа претставници од Советот на Општината, ОВР - Кавадарци, ТППЕ - Кавадарци, ЈП „Комуналец“, „Мој општинар“ и општествено - одговорни компании - појасни Јанчев. Градоначалникот информираше и за донесените заклучоци. - Продолжување на акцијата - пожарот е локализиран, а целосното гаснење продолжува и во раните утрински часови. Дополнителна поддршка - во акцијата се вклучуваат приватни компании од Кавадарци со сопствена механизација. Координација - распоредувањето на терен…
Povezane vijesti

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk

(ВИДЕО) Апасиев го праша Мицкоски за бизнисите на баџанакот, а премиерот му порача обвинувањата да ги докаже на суд
