Sjeverna Makedonija5535 vijesti
SvijetВештачката интелигенција покажала невидена самостојност: „Митос“ отворал лажни профили и мамел луѓе
Две од најмоќните алатки за вештачка интелигенција во светот создале лажни профили на луѓе за да измамат корисници при обиди за кибернапади, откри британскиот Институт за безбедност на вештачката интелигенција (АИСИ). Во најсериозниот случај, моделот „Митос“ на „Антропик“ се обидел да добие пристап до онлајн-сервис испраќајќи приватни пораки од лажни профили што имитирале вистински луѓе, … Вештачката интелигенција покажала невидена самостојност: „Митос“ отворал лажни профили и мамел луѓе Read More » The post Вештачката интелигенција покажала невидена самостојност: „Митос“ отворал лажни профили и мамел луѓе appeared first on Слободен печат.
SvijetЕксплозии во Ормускиот Теснец
Танкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни и дека не е пријавен
SvijetСловенија бележи рекордно долготраен топлотен бран
Словенија го бележи најдолготрајниот топлотен бран во историјата, со очекувања деветти ден по ред температурите да надминат 35 степени Целзиусови, соопшти словенечката Агенција за животна средина. Топлотниот бран минатиот вторник првично ја зафати западна Словенија, за наредниот ден да се прошири и во источните делови на земјата. Според метеоролозите, денешниот ден е деветти и последен ден со екстремно високи температури, што претставува рекорд по времетраење на национално ниво. Во главниот град Љубљана и во уште неколку места вчера беа измерени рекордно високи температури, каде живата во термометрите надмина 35 степени. Нов рекорд беше забележан и во зимскиот туристички центар Рогла каде ноќната температура не падна под 21 степен Целзиусов, независно надморската височина од 1.495 метри. Метеоролозите за утре очекуваат умерено заладување, но не за долго. Веќе за викендот повторно се прогнозираат горештини, со температури над 35 степени Целзиусови.(МИА)
SvijetТрамп: САД имаат големи залихи муниција, трагаме по оние што оддаваат предавнички информации
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските наводи дека се намалени залихите оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција, а производството дополнително се зголемува. Истовремено, тој ги обвини лицата кои оддаваат доверливи информации за „предавство“ и најави нивно кривично гонење. Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ наведе […]
SvijetРусија: Масовен напад со дронови врз Јарославската област, можна цел нафтената рафинерија
Градот Јарослављ во западна Русија ноќеска бил цел на масовен напад со беспилотни летала, а според руските и украинските медиуми, можна цел била нафтената рафинерија „Славнефт-ЈАНОС“. Руските власти соопштија дека во нападот нема загинати или повредени. Гувернерот на Јарославската област, Михаил Евраев, изјави дека со дронови бил нападнат градот и околниот регион, поради што привремено бил прекинат сообраќајот на излезот од Јарослављ кон Москва. Евраев, во објава на „Телеграм“, оцени дека станува збор за најмасовниот напад со беспилотни летала извршен досега врз Јарославската област. Тој наведе дека единиците за противвоздушна одбрана и системите за електронско попречување онеспособиле и уништиле 88 дрона. Според него, нема жртви во нападите, но еден семеен објект бил оштетен од пожар, на неколку станбени згради биле искршени прозорци, а оштетени биле и повеќе возила. Локални жители и руски канали на „Телеграм“ објавија дека во текот на ноќта над градот биле забележани голем број дронови, дека се слушнале повеќе експлозии и оти над областа се издигнал густ чад. Според нивните наводи, можна цел на нападот била рафинеријата „Славнефт-ЈАНОС“. Телеграм каналот „Астра“, повикувајќи се на анализа на видео-снимки и фотографии, објави дека беспилотните летала најверојатно ја погодиле рафинеријата која, според тие информации, и претходно била цел на најмалку…
SvijetЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè уште активен
Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава во изминатото деноноќие, до 07:30 часот утринава. Од нив, еден пожар е активен, еден е ставен под контрола, а 18 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Македонски Брод, во селото Грешница, на месноста Стојанова Населба. Таму […]
SvijetТрамп негира дека Америка снемува муниција, се закани со затвор за оние што откриваат детали за залихите
Американскиот претседателот Доналд Трамп ги оспори неодамнешните извештаи за значителен недостиг на американска муниција поради војната со Иран, објави „Си-би-ес њуз“. Во објава на својата платформа „Трут соушл“ рано утринава, Трамп напиша дека САД имаат „огромни количества муниција“, особено од одредени видови. „Дополнително, големи количества се произведуваат и се испраќаат во САД според потребите. Одбранбените … Трамп негира дека Америка снемува муниција, се закани со затвор за оние што откриваат детали за залихите Read More » The post Трамп негира дека Америка снемува муниција, се закани со затвор за оние што откриваат детали за залихите appeared first on Слободен печат.
SvijetВИДЕО | 10 ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ШТО ГО ЗАВИ СКОПЈЕ ВО ЦРНО - Загинаа 22 ллица, меѓу нив и двегодишно дете
Десет години поминаа од едно од најразорните невремиња што ја погодија Македонија. На 6 август 2016 година, силно невреме со поројни врнежи, грмежи и силен ветер го погоди Скопскиот регион, оставајќи зад себе пустош, голема материјална штета и 22 загубени животи....
SvijetТри лица загинаа во руски напади во украинскиот град Балаклија
Најмалку три лица загинаа во руски напади врз станбени куќи во источниот украински град Балаклија лица, соопштија властите на Телеграм. Спасувачките екипи во моментов ги гасат пожарите и ги расчистуваат урнатините. Балаклија се наоѓа во Изјумскиот Реон, Харковска област. Во Сумската област властите известуваат за најмалку двајца ранети при руски бомбардирања со наведувани бомби врз цивилна инфраструктура. Според нив, има оштетени станбени објекти. Во меѓувреме, Доњецката областна воена администрација соопшти дека 12.000 цивили остануваат во зоните на активни борбени дејствија во Доњецката Област. Тие додадоа дека на територијата под украинска контрола во областа остануваат околу 115.000 цивили, од кои околу 6.000 деца. Од февруари 2022 година од зоните под владина контрола се евакуирани вкупно над 1.400.000 луѓе, од кои околу 212.000 деца. Од 2 август 2022 година за Доњецката Област е во сила наредба за задолжителна евакуација.
SvijetAнализита на водата дури на 20 август
Министерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август. Трујат луѓе со месеци. Епидемија на жолтица. Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели, стои во соопштението на СДСМ. Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“? Единствен одговор: Затоа […] The post Aнализита на водата дури на 20 август appeared first on Република.
SvijetМафини со вишни
Вишни, овошје за најразлични десерти. Овој пат, во мафини, десерт за секој ден со кафе, чај, јогурт.. Состојки: 2 јајца 150 грама шеќер 1 кесичка ванилин шеќер 80 мл масло 180 мл јогурт 150 грама брашно 1 кесичка прашок за печиво 80 грама мелени бадеми 200 грама вишни 10 грама ливчиња бадеми 20 грама кафеав шеќер Подготовка: Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот со помош на миксер. Додадете го маслото и јогуртот, па кратко измешајте. На крајот, додадете ги брашното, мелените бадеми и прашокот за печиво. Наполнете го калапот за мафини (обложен со хартиени корпички) со смесата до околу три четвртини од висината, бидејќи мафините ќе нараснат. Во секој мафин втиснете по 3 вишни без семки (или 4, доколку се помали).Посипете со ливчиња од бадем и шеќер, по желба наросете и малку цимет. Печете на 175°C околу 25 минути. Рерната треба претходно да биде загреана.Оставете малку да се изладат, извадете ги од калапот и уживајте.
SvijetЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè уште активен
Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава во изминатото деноноќие, до 07:30 часот утринава. Од нив, еден пожар е активен, еден е ставен под контрола, а 18 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Македонски Брод, во селото Грешница, на месноста Стојанова Населба. Таму … ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè уште активен Read More » The post ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè уште активен appeared first on Слободен печат.