Sjeverna Makedonija5554 vijesti
SvijetСамо еден активен пожар во земјава, 20 целосно изгаснати
Состојбата со пожарите на отворен простор во земјава е значително подобрена. Според последните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 07:30 часот утрово се регистрирани вкупно 23 пожари. Од нив, активен е само еден, два се ставени под контрола, додека останатите 20 се целосно изгаснати. Активен е пожарот во Општина Македонски Брод, во … Само еден активен пожар во земјава, 20 целосно изгаснати Read More » The post Само еден активен пожар во земјава, 20 целосно изгаснати appeared first on Слободен печат.
SvijetМалешевијата ве чека. Сета, на едно место.
Има места каде се јаде добро. Има места каде се спие мирно. И има едно место каде го имате сето тоа и уште многу повеќе. Ловен Дом Берово прераснува во целосна дестинација на Малешевијата. Удобни соби опкружени со шума и тишина. Традиционална кујна со домашни колбаси и специјалитети подготвени како некогаш. Тури со коњи низ планината, адреналински авантури за храбрите и мирни прошетки за оние што бараат одмор. Животни и доживувања за најмалите, тим билдинг за колегите, а за најубавите денови - свадби, семејни прослави и настани од секаков вид. Свеж планински воздух, вистински вкусови и домаќинска топлина што се памети. Не доаѓате само на ручек или преноќување, доаѓате да ја доживеете Малешевијата.
SvijetСеверна Кореја препорачува супа од кучешко месо како лек против жештините
Додека Корејскиот Полуостров го погодува топлотен бран, севернокорејските државни медиуми предлагаат сè, од супа од кучешко месо до пилешка супа, како начини за справување со жештините, а Ким Џонг Ун го прикажуваат како лидер кој ги поднесува тешките услови заедно со својот народ. Државната телевизија вчера јави дека температурата достигнала 36,7 степени Целзиусови, што е највисока температура откако во земјата се води евиденција за временските прилики. Покрај низата тропски ноќи, државните медиуми посветија необично големо внимание на најтоплите недели во годината, локално познати како „самбок“ или кучешки летни денови, пренесе Хина. Меѓу повпечатливите препораки е супата од кучешко месо, која го одразува традиционалното верување дека им помага на луѓето да ги издржат летните жештини. Во текст за здравје објавен на 2 август, весникот на владејачката партија „Родонг Синмун“ цитира лекар од општата болница во Пјонгјанг кој препорачува освежителна храна како лубеница, краставици и мунго грав, како и „хранлива храна“ што вклучува супа од кучешко месо, рибина каша и каша од црвен грав. Весникот посвети посебен текст на супата од кучешко месо, опишувајќи ја како традиционално летно јадење и оживувајќи ја старата изрека дека „дури и ако супата од кучешко месо се истури врз горниот дел од стапалото за време на…
SvijetТрамп го забрани „породилниот туризам“ во САД – Ќе има и кривичен прогон
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нови извршни наредби насочени кон заострување на правилата за доделување автоматско државјанство на САД по раѓањето и ограничување на таканаречениот „birth tourism“. Овој потег доаѓа веднаш откако Врховниот суд на САД го отфрли неговиот претходен обид целосно да го укине правото на државјанство по раѓањето („jus soli“) како неуставен. Новите […]
SvijetВо израелска рација на Западниот Брег повредени 51 Палестинец
Најмалку 51 Палестинец е повреден во голема рација на израелските сили во бегалскиот камп „Каландија“ на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска Губернијата на Ерусалим. Според палестинските власти, израелските сили уривале продавници во близина на контролниот пункт „Каландија“, вовеле полициски час во соседниот град Кафр Акаб и ги затвориле патиштата што водат кон Ерусалим. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека 35 лица биле хоспитализирани по, како што наведува, тешки физички напади, додека шест лица биле медицински згрижени на местото на настанот. Едно лице било погодено со гумен куршум, а шест лица имале последици од вдишување солзавец. Според Црвената полумесечина, екипите на Службата за итна медицинска помош во текот на ноќта не можеле да стигнат до повредените, но успеале да евакуираат неколку пациенти, меѓу кои и лица на кои им била потребна дијализа. Израелските војници, според наводите, фрлиле шок-бомби кон медиумските екипи на влезот во кампот и им наредиле да го напуштат подрачјето. Локалните палестински медиуми јавија дека десетици Палестинци, меѓу кои жени и деца, биле приведени на распит во импровизирани притворски објекти. Израелските сили извршиле рација и во градот Џенин каде што, според Палестинската организација на Црвената полумесечина, едно лице било рането со огнено оружје, а друго физички нападнато. Во извештајот се…
SvijetБрзи и вкусни домашни хот-дог лепчиња
Потребни состојки (за 6 хот-дог лепчиња): 7 големи лажици брашно 1 рамна мала лажичка сол ½ кесичка прашок за печиво 1 јајце околу 200 мл јогурт 6 виршли сусам за наросување (по желба) Подготовка: Во сад измешајте ги брашното, солта и прашокот за печиво. Изматете го јајцето. Две третини од него додадете ги во смесата, а остатокот оставете го за премачкување. Постепено додавајте го јогуртот додека не добиете меко и мазно тесто. Тестото може да биде малку лепливо, но тоа е сосема нормално. Поделете го тестото на 6 еднакви делови. Секој дел развлечете го на набрашнета површина и завиткајте по една виршла. Колку потенко е развлечено тестото, толку поубаво ќе нарасне при печењето. Обложете плех со хартија за печење и наредете ги хот-дог лепчињата со мал растојание помеѓу нив. Премачкајте ги со преостанатото јајце и, по желба, наросете сусам. Загрејте ја рерната на 200 °C. Додека се загрева, тестото ќе нарасне уште малку. Печете околу 20 минути, сè додека не добие златно-кафеава боја. Послужете ги топли, со кечап, сенф, мајонез или со вашите омилени сосови. Идеални се за појадок, вечера, детски родендени или како брз оброк за целото семејство.
SvijetЦУК: До 7.30 часот регистрирани 23 пожари, еден е активен
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати. Според ЦУК, активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во Општината Македонски Брод, каде […] The post ЦУК: До 7.30 часот регистрирани 23 пожари, еден е активен appeared first on Република.
SvijetСДСМ: Секогаш кога Мицкоски велеше „нема да има поскапување“, граѓаните плаќаа повеќе
„Сега ја повторува истата формула со струјата. Во регионот веќе има проблеми – историски низок водостој на... The post СДСМ: Секогаш кога Мицкоски велеше „нема да има поскапување“, граѓаните плаќаа повеќе appeared first on 360 степени.
SvijetНародниот правобранител оформи предмет за загадувањето на водата во Гостивар
Канцеларијата на Народниот правобранител оформи предмет за загадувањето на водата во Гостивар, од кое повеќе од четири илјади граѓани побараа лекарска помош поради симптоми на труење и кожни инфекции. Омбудсманот формираше предмет по сопствена иницијатива за да утврди како дошло до нарушување на правото на чиста вода за пиење. Побарани се информации од Институтот за јавно […] The post Народниот правобранител оформи предмет за загадувањето на водата во Гостивар appeared first on Република.
SvijetЕкстремни температури во Европа: Соборени рекорди, зголемен ризикот од пожари и енергетски проблеми
Екстремниот топлотен бран продолжува да ги погодува Централна и Источна Европа, при што во неколку земји се соборени температурни рекорди, додека сушите и високите температури предизвикаа проблеми со енергетиката и го зголемија ризикот од шумски пожари, пишува „Гардијан“. Словачка, Австрија и Унгарија забележаа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека во Долни Плахтинце вчера се измерени рекордни 42 степени Целзиусови. Во Полска властите беа принудени привремено да ги затворат термоелектраните на јаглен Козенице и Полањец поради исклучително нискиот водостој на реката Висла, што ја ограничи достапноста на вода за ладење на постројките. Со тоа од електроенергетскиот систем беше отстранет капацитет од околу 1,3 гигавати. Полскиот премиер Доналд Туск ги повика работодавачите да ги заштитат работниците за време на жештините и да обезбедат клима-уреди и доволни количини ладна вода. Во Германија климатските активисти протестираа пред кабинетот на канцеларот, барајќи поголем ангажман на властите во заштитата на населението од екстремните температури. Според новите проценки на Институтот „Роберт Кох“, околу 11.900 луѓе во земјата починале од последици од жештините ова лето. Во Унгарија, премиерот Петер Маѓар соопшти дека нуклеарната централа Пакш, која привремено беше исклучена, повторно ќе биде ставена во погон. Тој исто така посочи дека нивото на Дунав е зголемено, но дека…
SvijetСончево и многу топло време со температури до 38 степени
Сончево и многу топло време со температури до 38 степени Целзиусови ќе преовладува денеска низ Македонија. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Во попладневните часови во одделни делови од […] The post Сончево и многу топло време со температури до 38 степени appeared first on Република.
SvijetВИДЕО | На среќата ѝ нема крај – животните во ЗОО Скопје се разладуваат со замрзнати овошни десерти и ладни лубеници
Топлотниот бран кој не ја заобиколи ниту Македонија беше доволен повод животните од Зоолошката градина во Скопје да добијат ледена закуска која ги израдува. Високите температури наложија воведување посебен летен режим и дополнителна грижа со цел животните полесно да го поминат овој период. Клучниот дел од летниот протокол е освежувањето. Негувателите секојдневно им подготвуваат специјални … ВИДЕО | На среќата ѝ нема крај – животните во ЗОО Скопје се разладуваат со замрзнати овошни десерти и ладни лубеници Read More » The post ВИДЕО | На среќата ѝ нема крај – животните во ЗОО Скопје се разладуваат со замрзнати овошни десерти и ладни лубеници appeared first on Слободен печат.