Во израелска рација на Западниот Брег повредени 51 Палестинец

Најмалку 51 Палестинец е повреден во голема рација на израелските сили во бегалскиот камп „Каландија“ на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска Губернијата на Ерусалим. Според палестинските власти, израелските сили уривале продавници во близина на контролниот пункт „Каландија“, вовеле полициски час во соседниот град Кафр Акаб и ги затвориле патиштата што водат кон Ерусалим. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека 35 лица биле хоспитализирани по, како што наведува, тешки физички напади, додека шест лица биле медицински згрижени на местото на настанот. Едно лице било погодено со гумен куршум, а шест лица имале последици од вдишување солзавец. Според Црвената полумесечина, екипите на Службата за итна медицинска помош во текот на ноќта не можеле да стигнат до повредените, но успеале да евакуираат неколку пациенти, меѓу кои и лица на кои им била потребна дијализа. Израелските војници, според наводите, фрлиле шок-бомби кон медиумските екипи на влезот во кампот и им наредиле да го напуштат подрачјето. Локалните палестински медиуми јавија дека десетици Палестинци, меѓу кои жени и деца, биле приведени на распит во импровизирани притворски објекти. Израелските сили извршиле рација и во градот Џенин каде што, според Палестинската организација на Црвената полумесечина, едно лице било рането со огнено оружје, а друго физички нападнато. Во извештајот се…


