klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Екстремни температури во Европа: Соборени рекорди, зголемен ризикот од пожари и енергетски проблеми

Екстремни температури во Европа: Соборени рекорди, зголемен ризикот од пожари и енергетски проблеми
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·07. 08. 2026. 07:25:02

Екстремниот топлотен бран продолжува да ги погодува Централна и Источна Европа, при што во неколку земји се соборени температурни рекорди, додека сушите и високите температури предизвикаа проблеми со енергетиката и го зголемија ризикот од шумски пожари, пишува „Гардијан“. Словачка, Австрија и Унгарија забележаа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека во Долни Плахтинце вчера се измерени рекордни 42 степени Целзиусови. Во Полска властите беа принудени привремено да ги затворат термоелектраните на јаглен Козенице и Полањец поради исклучително нискиот водостој на реката Висла, што ја ограничи достапноста на вода за ладење на постројките. Со тоа од електроенергетскиот систем беше отстранет капацитет од околу 1,3 гигавати. Полскиот премиер Доналд Туск ги повика работодавачите да ги заштитат работниците за време на жештините и да обезбедат клима-уреди и доволни количини ладна вода. Во Германија климатските активисти протестираа пред кабинетот на канцеларот, барајќи поголем ангажман на властите во заштитата на населението од екстремните температури. Според новите проценки на Институтот „Роберт Кох“, околу 11.900 луѓе во земјата починале од последици од жештините ова лето. Во Унгарија, премиерот Петер Маѓар соопшти дека нуклеарната централа Пакш, која привремено беше исклучена, повторно ќе биде ставена во погон. Тој исто така посочи дека нивото на Дунав е зголемено, но дека…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti