Sjeverna Makedonija5558 vijesti
SvijetУставен за првпат бара одговорност за судија кој ја игнорирал неговата одлука
Уставниот суд за првпат активира механизам за барање одговорност за судија, откако утврдил дека Основниот граѓански суд не ја испочитувал и не ја спровел одлуката на Уставниот суд со која била констатирана повреда на слободата на изразување на новинарката Наташа Стојановска. Таа е една од новинарите кои со години водат судски постапки без епилог, за […]
SvijetПолихроно, 7:20 утрово
Добро утро од Полихронo. Во 7:20 нема место на плажа The post Полихроно, 7:20 утрово appeared first on Република.
SvijetТурција, Саудиска Арабија и Пакистан денеска ќе потпишат договор за меѓусебна одбрана
Турција, Саудиска Арабија и Пакистан денеска ќе потпишат заеднички договор за одбрана, откако земјите од Персискиот Залив се соочија со напади од Иран, соопштија регионални извори, Иако овој договор дополнително го зајакнува блокот на големите сунитски муслимански сили, не е познато какви специфични обврски очекува секоја земја, објавуваат британските медиуми. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ќе се сретнат во Џеда, Саудиска Арабија, со престолонаследникот Мохамед бин Салман за да го потпишат договорот. Договорот е постигнат по речиси една година преговори, во време кога конфликтот во кој е вклучен Иран ги открива безбедносните ранливости на земјите од Персискиот Залив и го нарушува транспортот на нафта и други клучни стоки преку Ормуската Теснина. Шефот на руската дипломатија, Хакан Фидан, во јануари изјави дека Анкара е посветена на поширока регионална безбедносна платформа за промовирање на соработката и стабилноста. Постоечкиот саудиско-пакистански договор го третира нападот врз една од двете земји како напад врз обете и ги вклучува „сите воени средства“, изјави претходно саудиски функционер.
SvijetУкраинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски падна на шестото место на листата на доверба во водечките личности во земјата, покажа истражувањето на институтот „Социс“ објавено по протестите предизвикани од смената на министерот за одбрана Михајло Федоров. Само 18 проценти од испитаниците навеле дека имаат целосна доверба во Зеленски, додека дополнителни 24,5 проценти занемарливо или донекаде му веруваат. […] The post Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски appeared first on Република.
SvijetТри високи признанија за отец Гаврил Галев за придонесот кон македонската заедница во Австралија
Во организација на Македонската австралиска заедничка организација (MACO), на свечената Илинденска прослава во Мелбурн, на отец Гаврил Галев, игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, му беа врачени три високи признанија како знак на благодарност и почит за неговата повеќедецениска духовна, културна и општествена дејност во македонската заедница во Австралија. Како што информираат од Австралиско-сиднејската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), признанијата му се врачени во знак на благодарност и почит за неговата повеќедецениска духовна, културна и општествена дејност, на настан организиран од Македонската австралиска заедничка организација (МАЦО). - Признанието од Парламентот на Викторија на отец Гаврил му го врачи пратеничката Натали Хачинс, за неговата континуирана работа, пожртвувана служба и поддршка на македонската заедница во државата Викторија. Признание од Владата на Викторија му предаде министерката Ингрид Стит. Ова признание е доделено во соработка со МАЦО, за неговиот повеќе од дваесетгодишен придонес во работата со младите, зачувувањето на македонската култура, традиција и идентитет, како и за неговото активно општествено ангажирање. Третото признание е од Македонскo-австралиската федерација на пензионери, а му го врачи претседателот на федерацијата, Стојан Јанакиевски, за долгогодишната посветеност, несебична служба и исклучителен придонес во духовниот и културниот развој на македонската заедница во Австралија - стои…
SvijetМлади математичари на средба со градоначалникот на Карпош
Градоначалникот Сотир Лукровски денеска ги прими тројцата стипендисти на Општина Карпош, кои неодамна остварија голем успех во рамки на 30. Јуниорска балканска математичка олимпијада (JBMO 2026), која се одржа од 15 до 20 јуни 2026 година во Бузау, Романија. Имено, карпошовите стипендисти беа дел од шестчлената репрезентација на Република Македонија, кои ја претставуваа државата и општина Карпош на едно од најпрестижните меѓународни математички натпреварувања за ученици до 15,5 години. Во рамки на математичката олимпијада, ученикот од ООУ „Вера Циривири-Трена“, Дарјан Мирчевски освои бронзен медал и со тоа го постигна најголемиот успех на македонската репрезентација. Одличен настап имаше ученичката од ООУ „Јан Амос Коменски“, Калина Тортевска која доби пофалница, додека ученичката од ООУ „Петар Поп Арсов“, Андреа Јовановска, даде значаен придонес на настапот на македонскиот тим. „Постигнувањето на вакви врвни резултати е силна потврда за талентот, знаењето и посветеноста на младите карпошани, но и за квалитетот на основното образование во Општина Карпош. Општина Карпош е горда на своите млади математичари и продолжува да вложува во образованието, развојот на талентите и создавање услови за младите да го реализираат својот потенцијал“, се наведува во соопштението од Општина Карпош.
SvijetПоставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер
Јавната установа Национален парк „Пелистер“ на 2.000 метри надморска висина постави дополнителни камери кои ќе ги детектираат дивите животни, но и други случувања на планината. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ информираа дека превентивните активности даваат резултати и тој процес ќе се интезивира. -Новите камери ги поставивме на висок регион, над 2.000 метри надморска висина. Нашата цел е зачувување и мониторинг на живеалиштата на животните, да им се подобрат нивните услови за живеење и опстанок во природата. Во овој регион се надеваме дека ќе затекнеме движење на дива коза, но и други диви животни. Системот за мониторинг ќе ни помогне за нивна заштита, ќе ја утврдиме бројноста, здравствената состојба и нивниот потенцијал во националниот парк Пелистер, истакна Петар Моштановски, вработен во таа установа. Според директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, Иванчо Тошевски, дел од камерите освен за мониторинг на животните се користат и за превенција од несакани случувања на Пелистер. -Со активен мониоринг се намали нехигиената, се помалку смет се остава од страна на посетители на планината и во таа смисла посебно се заблагодарувам на медиумите кои ги објавуваа сите наши апели кон јавноста да се зголеми културата на однесување во планина и да сме свесни дека за зачувување на националното…
SvijetЗад скапата кравата, беспрекорно испегланата кошула и научените реченици нема ни знаење, ни визија– има само добро извежбан настап
За одредени самопрогласени политичари костумот стана маска зад која се крие празнина.Зад скапата кравата, беспрекорно испегланата кошула и научените реченици, понекогаш нема ни знаење, ни визија, ни државнички капацитет – има само добро извежбан настап.Токму затоа денес не е најважен костумот – најважно е дали има човек во него!, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Еве нема да […] The post Зад скапата кравата, беспрекорно испегланата кошула и научените реченици нема ни знаење, ни визија– има само добро извежбан настап appeared first on Република.
SvijetНова фитнес зона во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во спортската инфраструктура, создавајќи современи услови за спорт, рекреација и здрав развој на децата и младите. Во ООУ „Мирче Ацев“ е изградена нова современа фитнес зона, како дел од проектот што се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски. Новата фитнес зона е една од вкупно трите фитнес зони што се реализираат во рамки на проектот, со што дополнително се унапредува и збогатува спортската инфраструктура на територијата на Општина Ѓорче Петров. Со поставувањето на современите фитнес реквизити, учениците и младите добиваат функционален простор за физичка активност, вежбање и рекреација, кој ќе биде од корист и за останатите жители на општината. -Во изминатиот период инвестиравме во нови и реконструирани спортски терени, фитнес и калистеника зони, како и во унапредување на училишната спортска инфраструктура. Нашата цел е спортот да биде достапен за сите, а особено за нашите деца и млади. Оваа инвестиција е уште еден чекор во тој континуитет. Благодарност до Министерството за транспорт и врски за поддршката во реализацијата на проектот - истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Од Општина Ѓорче Петров најавуваат дека инвестициите во спортот продолжуваат и во наредниот период, со реализација на нови проекти во училиштата, населбите…
SvijetВИДЕО | Антиимигрантски немири во Британија – уапсени четири лица, полицаец гаѓан со камења
Четири лица се уапсени по дводневните нереди во Тетфорд, Норфолк, Велика Британија, при што биле нападнати и полициски службеници. Една полицајка била сериозно касната, додека нејзин колега бил погоден со камен, јави Скај њуз. Полицијата интервенирала откако група демонстранти се обидела насилно да влезе во куќа во Тетфорд. Според локален пратеник, во текот на инцидентите … ВИДЕО | Антиимигрантски немири во Британија – уапсени четири лица, полицаец гаѓан со камења Read More » The post ВИДЕО | Антиимигрантски немири во Британија – уапсени четири лица, полицаец гаѓан со камења appeared first on Слободен печат.
SvijetОвој викенд: Бесплатно кино на отворено во Драчево
Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, овој викенд организира бесплатни филмски проекции на отворено во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево. На програмата се две познати македонски остварувања во режија на Дарко Митревски: На 08.08.2026 (сабота), од 20 часот, ќе се прикажува филмот „Бал-Кан-Кан“. Публиката ќе има можност да ја погледне оваа комедија со актерските остварувања на Раде Шербеџија, Ерол Кадиќ и Салаетин Билал. На 09.08.2026 (недела), од 20 часот, на репертоарот е „Трето полувреме“, филм инспириран од вистински настани, со улогите на Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел и Раде Шербеџија. Влезот за двете проекции е слободен. -Ги покануваме сите љубители на филмот да ни се придружат со своите семејства и пријатели на оваа викенд-дружба посветена на македонската кинематографија, велат од општината.
SvijetТурција, Саудиска Арабија и Пакистан денеска ќе потпишат договор за меѓусебна одбрана
Турција, Саудиска Арабија и Пакистан денеска ќе потпишат заеднички договор за одбрана, откако земјите од Персискиот Залив се соочија со напади од Иран, соопштија регионални извори, Иако овој договор дополнително го зајакнува блокот на големите сунитски муслимански сили, не е познато какви специфични обврски очекува секоја земја, објавуваат британските медиуми. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ќе се сретнат во Џеда, Саудиска Арабија, со престолонаследникот Мохамед бин Салман за да го потпишат договорот. Договорот е постигнат по речиси една година преговори, во време кога конфликтот во кој е вклучен Иран ги открива безбедносните ранливости на земјите од Персискиот Залив и го нарушува транспортот на нафта и други клучни стоки преку Ормуската Теснина. Шефот на руската дипломатија, Хакан Фидан, во јануари изјави дека Анкара е посветена на поширока регионална безбедносна платформа за промовирање на соработката и стабилноста. Постоечкиот саудиско-пакистански договор го третира нападот врз една од двете земји како напад врз обете и ги вклучува „сите воени средства“, изјави претходно саудиски функционер. (МИА)