Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ на 2.000 метри надморска висина постави дополнителни камери кои ќе ги детектираат дивите животни, но и други случувања на планината. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ информираа дека превентивните активности даваат резултати и тој процес ќе се интезивира. -Новите камери ги поставивме на висок регион, над 2.000 метри надморска висина. Нашата цел е зачувување и мониторинг на живеалиштата на животните, да им се подобрат нивните услови за живеење и опстанок во природата. Во овој регион се надеваме дека ќе затекнеме движење на дива коза, но и други диви животни. Системот за мониторинг ќе ни помогне за нивна заштита, ќе ја утврдиме бројноста, здравствената состојба и нивниот потенцијал во националниот парк Пелистер, истакна Петар Моштановски, вработен во таа установа. Според директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, Иванчо Тошевски, дел од камерите освен за мониторинг на животните се користат и за превенција од несакани случувања на Пелистер. -Со активен мониоринг се намали нехигиената, се помалку смет се остава од страна на посетители на планината и во таа смисла посебно се заблагодарувам на медиумите кои ги објавуваа сите наши апели кон јавноста да се зголеми културата на однесување во планина и да сме свесни дека за зачувување на националното…
Povezane vijesti

Izaslanik SAD-a ide Putinu s prijedlozima za mir, Zelenski čeka odgovor Rusije

Izvor: Musk naredio usporavanje Starlinka koji koristi Ukrajina! Nalog došao iz Bijele kuće
