klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Три високи признанија за отец Гаврил Галев за придонесот кон македонската заедница во Австралија

Три високи признанија за отец Гаврил Галев за придонесот кон македонската заедница во Австралија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·07. 08. 2026. 09:38:10

Во организација на Македонската австралиска заедничка организација (MACO), на свечената Илинденска прослава во Мелбурн, на отец Гаврил Галев, игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, му беа врачени три високи признанија како знак на благодарност и почит за неговата повеќедецениска духовна, културна и општествена дејност во македонската заедница во Австралија. Како што информираат од Австралиско-сиднејската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), признанијата му се врачени во знак на благодарност и почит за неговата повеќедецениска духовна, културна и општествена дејност, на настан организиран од Македонската австралиска заедничка организација (МАЦО). - Признанието од Парламентот на Викторија на отец Гаврил му го врачи пратеничката Натали Хачинс, за неговата континуирана работа, пожртвувана служба и поддршка на македонската заедница во државата Викторија. Признание од Владата на Викторија му предаде министерката Ингрид Стит. Ова признание е доделено во соработка со МАЦО, за неговиот повеќе од дваесетгодишен придонес во работата со младите, зачувувањето на македонската култура, традиција и идентитет, како и за неговото активно општествено ангажирање. Третото признание е од Македонскo-австралиската федерација на пензионери, а му го врачи претседателот на федерацијата, Стојан Јанакиевски, за долгогодишната посветеност, несебична служба и исклучителен придонес во духовниот и културниот развој на македонската заедница во Австралија - стои…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti