Sjeverna Makedonija1276 vijesti
SportФонсека: Ѓоковиќ е сѐ постар, затоа сака да ги менува правилата
Неодамна Новак Ѓоковиќ предложи промена на начинот на бодување во тенисот: сетовите да се играат до четири освоени гема, мечевите да се играат во три добиени сета, а да се укине предноста на 40:40, односно поенот при израмнување да биде решавачки и мечевите да имаат ограничување од два часа, сметајќи дека овие правила би биле … Фонсека: Ѓоковиќ е сѐ постар, затоа сака да ги менува правилата Read More » The post Фонсека: Ѓоковиќ е сѐ постар, затоа сака да ги менува правилата appeared first on Слободен печат.
SportОстра реакција на Шпанија по најавите дека ФИФА ќе му го додели финалето на СП 2030 на Мароко!
ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Шпанската влада брзо и остро реагираше на веста објавена од авторитетниот весник „Тајмс“, според која финалето на Светското првенство во 2030 година ќе му биде доделено на Мароко. Оваа информација, иако брз
SportШкендија следната недела ќе брка еден гол негатива против Хибернијан
Фудбалерите на Шкендија синоќа го загубија првиот натпревар со 2:1 од шкотски Хибернијан на негов терен од третото квалификациско коло од Конференциската лига. Поразот дојде во последната минута кога домашниот тим по вторпат ја затресе мрежата на тетовчани. – Важен натпревар со физички добар противник. На реваншот во Скопје дефинитивно ќе се обидеме да го […] The post Шкендија следната недела ќе брка еден гол негатива против Хибернијан appeared first on Република.
SportАргентина прогласи државен празник по победата над Англија на СП 2026!
ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN Иако Аргентина не успеа да ја одбрани титулата светски првак, беше поразена од Шпанија во финалето, сепак во таа земја се нагласува дека оваа селекција имала успешен настап. Посебно по победата над Анг
SportСтојановски: Ме радува енергијата што ја видов
Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на ЕП од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници. Селекторот потенцираше дека има простор за напредок, особено во контролата на топката, и дека тимот веќе ги насочува подготовките кон вториот натпревар во групата, против селекцијата на Исланд. „Добар прв чекор. Како што кажав и пред почетокот на првенството, одиме чекор по чекор. Задоволен сум од енергијата што ја покажаа момците. Токму тоа сакавме да го видат и нашите навивачи. Воодушевен сум од поддршката од трибините и се надевам дека ќе имаме уште повеќе публика. Секако, има работи што мора да ги поправиме. Имавме премногу загубени топки и тоа не смее да ни се повторува. Против ваков противник, во одредени моменти требаше да играме помирно и пострпливо. Но, ова се млади момци, атмосферата ги понесе и тоа е разбирливо. Од овој момент целосно сме насочени кон следниот натпревар. Ќе го анализираме Исланд и ќе се подготвиме максимално, затоа што сакаме да го направиме и вториот чекор, односно да стигнеме до нова победа. Очекувам Исланд да игра со многу енергија, па ќе мора да бидеме подготвени за голема борба во…
SportОтворен повикот за волонтирање на ЛОИ во Лос Анџелес
Организаторите бараат 60.000 волонтери за спортскиот спектакл, а пријавувањето е отворено за сите полнолетни граѓани со познавање англиски јазик. Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес 2028 ги отвори апликациите за волонтери, а Македонскиот олимписки комитет упати покана до сите заинтересирани граѓани од Македонија да станат дел од олимпиското движење. Пријавувањето се врши преку официјалниот портал на игрите, а организаторите бараат 60.000 луѓе кои ќе помогнат во реализацијата на овој масовен спортски настан. Право на аплицирање имаат сите лица кои ќе имаат најмалку 18 години во моментот на поднесување на пријавата. Задолжително е добро познавање на англискиот јазик во зборување, читање и пишување, бидејќи тоа е официјалниот работен јазик на организацијата. Кандидатите мора да бидат достапни за најмалку 10 смени, со времетраење од околу осум часа по смена, за време на Олимписките или Параолимписките игри. Смените не мора да бидат последователни. Поголемиот дел од позициите се лоцирани во Лос Анџелес, но волонтерски ангажмани ќе има и во Оклахома Сити, Њујорк, Колумбус, Нешвил, Сент Луис, Сан Хозе и Сан Диего. За учество не е потребно американско држајанство ниту дозвола за престој во САД. Волонтерските позиции не се платени, а организаторот не ги покрива трошоците за патување, сместување и…
SportЛина Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во Штутгарт
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во германскиот град Лајпциг. Ѓорческа во второто коло го предаде мечот против Алена Ковацкова од Чешка. Тетовката во вториот сет прв водство на ривалката со 1-0 во сетови и 2:1 во гемови го предаде мечот. Ривалката го доби првиот сет со 6:1 во гемови, откако поведе со 5:0. На стартот на вториот сет Ѓорческа по 14 одиграни поени го доби првиот гем, но потоа следните два гема и припаднаа на Ковацкова и потоа го предаде мечот. Следната недела македонската тенисерка е пријавена за настап во Куршумлијска Бања.
SportКамрон Мекдауел е нов кошаркар на Пелистер
Кошаркарскиот клуб Пелистер има нов играч, станува збор за Камрон Мекдауел (23). Овој американски бек-шутер, висок 196 сантиметри доаѓа како големо засилување во Битола и треба да ја поведе екипата кон новиот предизвик во сезоната. Во пет сезони во колеџ-лигата Мекдауел постигна 1.519 поени, а запиша и 317 скокови и 184 асистенции на 92 натпревари. Неговиот севкупен просек е 16,5 поени, 3,4 скока и 2 асистенции во 26,8 минути во игра. Неговиот најдобар момент е сезоната 2024/25, кога за Норд-вестерн Оклахома стејт забележа 27,3 поени, 4,7 скока и 2,7 асистенции.
SportЗлатко Далиќ ќе биде селектор на Обединетите Арапски Емирати
Поранешниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ ќе ја преземе репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. Далиќ претходно успешно го водеше Ал-Аин, а сега треба да ја преземе најодговорната функција во тамошниот репрезентативен фудбал. Далиќ ќе заработува околу пет милиони евра годишно, без пресметани бонуси, со што ќе стане најплатениот хрватски фудбалски тренер досега. Со ангажманот на Далиќ, Федерацијата очекува репрезентацијата да избори настап на втор Мундијал во својата историја.
SportУЕФА за Инфантино: Бојкотот и натаму е опција
УЕФА, која прва реагираше на овие најави, продолжува да врши притисок и најавува дека бојкотот на натпреварувањето на ФИФА е можен и покрај фактот што Инфантино се откажа од својата идеја. На Џани Инфантино не му помогна да се откаже од идејата да ги запознае инвеститорите со сопственичките структури на светилиштето на фудбалот. Не му помогна ниту тоа што го направи тоа во раните утрински часови. А дури ни вчерашниот состанок во Мароко. УЕФА продолжува да објавува дека бојкотот на сите натпреварувања организирани од ФИФА е можна опција, вклучително и самото Светско првенство. Во соопштението објавено од Европската фудбалска федерација, се наведува дека условите поставени во спротивност со планот на Инфантино да продава акции од Светското првенство на приватни сопственици не се исполнети, и покрај фактот што тој ги напушти тие планови. Еве ги најавите што ги даде УЕФА по состанокот на ФИФА во Мароко: „Националните асоцијации членки на УЕФА беа многу јасни во врска со условите во врска со нивното неучество во натпреварувањата на ФИФА. Прво, предлозите за продажба на најголемото натпреварување мора да бидат повлечени, а второ – мора да се дадат гаранции дека ваквите обиди за уништување на играта нема да се повторат. Условите не се исполнети…
SportПари Сен Жермен го доведе Аклиуш од Македонија
Парискиот гигант официјално го комплетираше трансферот на францускиот репрезентативец Магнес Аклиуш од Монако за сума од 50 милиони евра. Офанзивниот фудбалер потпиша петгодишен договор со ПСЖ и ќе биде дел на клубот за новата сезона. Аклиуш (24) е фудбалер кој целата досегашна професионална кариера ја помина во Монако, каде што израсна преку клупската академија и постепено се наметна како еден од најдобрите играчи на тимот од Кнежевството. Неговите одлични настапи му донесоа и повик во француската репрезентација, а беше дел и од составот на „триколорите“ на последниот Мундијал.
Дарио Ивановски ќе ги трча во Бирмингем на 16 август
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ги одбројува последните десет дена до настапот на ЕП во атлетика, кое од 15 до 17 август ќе се одржи во Бирмингем, Обединетото Кралство. Ивановски ќе настапи на 16 август во 08:10 часот во својата најсилна дисциплина, маратонот, како единствен македонски атлетичар кој обезбеди норма за континенталниот шампионат во 2026 година. Ова […]