klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Стојановски: Ме радува енергијата што ја видов

Стојановски: Ме радува енергијата што ја видов
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·07. 08. 2026. 05:20:08

Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на ЕП од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници. Селекторот потенцираше дека има простор за напредок, особено во контролата на топката, и дека тимот веќе ги насочува подготовките кон вториот натпревар во групата, против селекцијата на Исланд. „Добар прв чекор. Како што кажав и пред почетокот на првенството, одиме чекор по чекор. Задоволен сум од енергијата што ја покажаа момците. Токму тоа сакавме да го видат и нашите навивачи. Воодушевен сум од поддршката од трибините и се надевам дека ќе имаме уште повеќе публика. Секако, има работи што мора да ги поправиме. Имавме премногу загубени топки и тоа не смее да ни се повторува. Против ваков противник, во одредени моменти требаше да играме помирно и пострпливо. Но, ова се млади момци, атмосферата ги понесе и тоа е разбирливо. Од овој момент целосно сме насочени кон следниот натпревар. Ќе го анализираме Исланд и ќе се подготвиме максимално, затоа што сакаме да го направиме и вториот чекор, односно да стигнеме до нова победа. Очекувам Исланд да игра со многу енергија, па ќе мора да бидеме подготвени за голема борба во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti