klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Отворен повикот за волонтирање на ЛОИ во Лос Анџелес

Отворен повикот за волонтирање на ЛОИ во Лос Анџелес
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·07. 08. 2026. 05:12:32

Организаторите бараат 60.000 волонтери за спортскиот спектакл, а пријавувањето е отворено за сите полнолетни граѓани со познавање англиски јазик. Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес 2028 ги отвори апликациите за волонтери, а Македонскиот олимписки комитет упати покана до сите заинтересирани граѓани од Македонија да станат дел од олимпиското движење. Пријавувањето се врши преку официјалниот портал на игрите, а организаторите бараат 60.000 луѓе кои ќе помогнат во реализацијата на овој масовен спортски настан. Право на аплицирање имаат сите лица кои ќе имаат најмалку 18 години во моментот на поднесување на пријавата. Задолжително е добро познавање на англискиот јазик во зборување, читање и пишување, бидејќи тоа е официјалниот работен јазик на организацијата. Кандидатите мора да бидат достапни за најмалку 10 смени, со времетраење од околу осум часа по смена, за време на Олимписките или Параолимписките игри. Смените не мора да бидат последователни. Поголемиот дел од позициите се лоцирани во Лос Анџелес, но волонтерски ангажмани ќе има и во Оклахома Сити, Њујорк, Колумбус, Нешвил, Сент Луис, Сан Хозе и Сан Диего. За учество не е потребно американско држајанство ниту дозвола за престој во САД. Волонтерските позиции не се платени, а организаторот не ги покрива трошоците за патување, сместување и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti