Sjeverna Makedonija269 vijesti
RegionОд средината на јули до крајот на август најопасен период за шумски пожари во Грција
Периодот од вторите десет дена од јули до последните десет дена од август е периодот во кој се случиле 23-те најголеми шумски пожари во Грција од 2007 година до денес, според анализата на метеоролошката служба Метео на грчката Националната опсерваторија, што конкретниот период го посочува како најопасен за појава на шумски пожари, јави дописничката на МИА од Атина. Од Метео преку анализата на пожарите во последните речиси 20 години одговараат на прашањето „Кој е најлошиот период за појава на шумски пожари во Грција?“, посочувајќи дека временските услови во конкретните шест седмици, односно сувата вегетација, високите температури, како и силните ветрови „создаваат поволни услови за брзо ширење на шумските пожари“. Во анализата биле вклучени 23 големи пожари во кои изгорената површина била над 4.000 хектари,а според податоците, седум од нив биле во последните десет дена од јули односно во периодот од 21 до 31 јули, пет во периодот од 11 до 20 август, по четири во првите десет дена од август и на крајот од истиот месеци и три во средината на јули. Од Метео додадоа дека постојат и неколку исклучоци од овој период од шест седмици и како пример наведоа неколку големи пожари: кон крајот на јуни во 2007 година…
RegionГРЦИЈА ПОВТОРНО ВО ПЛАМЕН - Нови пожари, четири региони под највисок ризик
ГРЦИЈА ПОВТОРНО ВО ПЛАМЕН - Нови пожари, четири региони под највисок ризик
RegionЗавршени 325 увиди во областите погодени од пожарите во Грција, 118 објекти се несоодветни за употреба
По пожарите што зафатија повеќе делови на Грција во изминатиот период, завршија проверките од Генералната дирекција за санација на последиците од природни катастрофи и спроведени 325 увиди со цел евиденција на штетите, процена на состојбата на објектите и навременото активирање на постапките за државна помош за погодените, при што 118 објекти биле обележани како „црвени“, односно несоодветни за употреба, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција соопштија дека се завршени 325 увиди на објекти, 88 се во „зелената категорија“, без штети, 119 објекти се во „жолтата“ и се потребни одредени интервенции, а во категоријата со најголеми штети, што најчесто треба целосно да се урнат се 118 од проверените објекти. Најголем број увиди биле извршени во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што пожарот речиси шест дена беше активен и биле спроведени вкупно 206 проверки, што покажале дека 84 објекти се несоодветни за употреба, 65 се во „жолтата категорија“, а останатите 57 се без штети. Во јужниот дел на островот Крит, во близина на градот Ретимно по пожарот од минатата седмица, по спроведените 55 увиди, 19 објекти се во „црвената категорија“. Проверки имало и во останатите делови на…
RegionЗеленски кај Вучиќ во Белград
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја оствари својата прва официјална посета на Белград, соопшти кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Деталите за посетата не беа откриени, а вчера, најавувајќи го доаѓањето на украинскиот шеф на државата, Вучиќ им рече на новинарите дека имаат „неколку теми“, вклучувајќи го и европскиот... Текстот Зеленски кај Вучиќ во Белград е превземен од А1он.
RegionКосово обвини 20 лица за воени злосторства во Ѓаковица, меѓу нив и Милан Радоичиќ
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 20 лица за воени злосторства извршени во Ѓаковица во 1998 и 1999 година, а според Радио Слободна Европа меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ. Обвинителството побара судењето да се одржи во нивно отсуство. Во соопштението на Обвинителството, обвинетите се идентификувани само со иницијали и се товарат за воени злосторства против цивилното население. Според обвинението, тогашниот началник на Секретаријатот за внатрешни работи во Ѓаковица, командантот на единиците на Специјалната полиција и командантот на 52-та ракетно-артилериска бригада, заедно со останатите обвинети, меѓу кои и Радоичиќ, како припадници на тие единици учествувале во убиството на 107 цивили за време на широка воена и полициска операција. Обвинителството наведува дека за време на операцијата жените и децата биле одвоени од мажите. Жените биле ограбени, при што им биле одземени накит, пари и други вредни предмети, додека мажите биле егзекутирани, дел во нивните домови и дворови, а дел на локацијата позната како „Мостот на Талиќ“. Во операцијата биле запалени и куќи.
RegionКосово обвини 20 луѓе за воени злосторства во Ѓаковица, меѓу нив е и Милан Радоичиќ
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 20 луѓе за воени злосторства извршени во Ѓаковица во 1998 и 1999 година, а меѓу обвинетите е и бизнисменот и поранешен потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, пренесува Балкан Инсајт. Обвинителството соопшти дека, според обвинението, за време на војната во Косово во периодот 1998–1999 година, осомничените, кои дејствувале … Косово обвини 20 луѓе за воени злосторства во Ѓаковица, меѓу нив е и Милан Радоичиќ Read More » The post Косово обвини 20 луѓе за воени злосторства во Ѓаковица, меѓу нив е и Милан Радоичиќ appeared first on Слободен печат.
RegionАлбанските граѓани можат онлајн да побараат корекција на адресата преку е-Албанија
Граѓаните на Албанија отсега можат електронски да поднесат барање за корекција или ажурирање на својата адреса преку порталот е-Албанија, без потреба од посета на административните шалтери. Националниот адресен систем претставува единствен и стандардизиран регистар кој овозможува прецизна идентификација на улиците, зградите и административните единици низ целата земја. Менаџерот за информатичка технологија во Дирекцијата за информациски и комуникациски технологии за развој при Министерството за внатрешни работи и Националната агенција за администрација на локалната самоуправа, Тергита Густа, изјави дека благодарение на ажурираните податоци и интеграцијата со државните системи, Националниот адресен регистар придонесува за поефикасно управување со територијата и подобро планирање. -Електронската услуга „Корекција на адреси“, достапна преку порталот е-Албанија, им овозможува на граѓаните брзо, едноставно и безбедно да ги ажурираат своите адресни податоци преку интернет, изјави таа за медиумите. Додава дека дигитализацијата на оваа услуга има за цел да ја зголеми точноста на податоците, да го олесни управувањето со адресниот систем и да им заштеди време на граѓаните при користење на јавните услуги.
RegionПрви случаи на западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопшти дека во земјата се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска оваа година. Според Институтот, заболените се жители на Белград на возраст од 75 и 82 години. Двајцата се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград поради развој на невроинвазивна форма на болеста. „Батут“ препорачува употреба на репеленти при престој на отворено, носење светла облека со долги ракави и ногавици, избегнување престој на отворено во самрак и зори, кога комарците се најактивни, како и користење заштитни мрежи и престој во климатизирани простории. Институтот советува и редовно отстранување на застоена вода од саксии, кофи, буриња, конзерви и други садови, како и отстранување стари гуми и предмети во кои може да се собира вода, со цел да се намали бројот на места погодни за размножување на комарците. При патување во тропски и суптропски подрачја, здравствените власти препорачуваат доследно спроведување на превентивните мерки и итно јавување кај лекар доколку се појават симптоми што упатуваат на невроинвазивна форма на болеста. (МИА)
RegionРачна бомба експлодирала пред зграда во Белград – оштетени се автомобили и локали
Во белградската населба Звездара, рано утрово околу 3 часот одекнала силна експлозија, откако непознат човек фрлил експлозивна направа, пренесе српскиот Телеграф. Според првичните информации од теренот, најверојатно станува збор за рачна бомба М-75. Полицијата на местото на инцидентот разговарала со А.О. (24), жител на зградата пред која се случила експлозијата, кој и претходно бил евидентиран … Рачна бомба експлодирала пред зграда во Белград – оштетени се автомобили и локали Read More » The post Рачна бомба експлодирала пред зграда во Белград – оштетени се автомобили и локали appeared first on Слободен печат.
RegionАлбанскиот суд за корупција забранува снимање на судењата, новинарите предупредуваат на удар врз слободата на медиумите
Новата интерна регулатива воведена од Специјалниот суд против корупција и организиран криминал во Албанија (СПАК) предизвика остри критики од новинарските здруженија и од адвокатите, кои сметаат дека мерките значително го ограничуваат пристапот на медиумите и транспарентноста на судските постапки, објави „Албанијан делји њуз“. Правилата, кои се очекува да стапат во сила во септември, предвидуваат новинарите … Албанскиот суд за корупција забранува снимање на судењата, новинарите предупредуваат на удар врз слободата на медиумите Read More » The post Албанскиот суд за корупција забранува снимање на судењата, новинарите предупредуваат на удар врз слободата на медиумите appeared first on Слободен печат.
RegionНигерија ослободи над 300 киднапирани лица во северно-централниот регион на земјата
Претседателот на Нигерија, Бола Тинубу, денеска соопшти дека во најголемата еднодневна акција за спасување што досега ја спровеле безбедносните сили на земјата биле ослободени најмалку 308 лица кои претходните месеци биле киднапирани во повеќе напади на северот од Нигерија. Како што наведе Тинубу во соопштение, меѓу ослободените се 163 луѓе киднапирани во февруари од заедницата […] The post Нигерија ослободи над 300 киднапирани лица во северно-централниот регион на земјата appeared first on Република.
Region„Мајка Македонија“ во Нови Сад предизвика реакции од Грција и Бугарија
Иницијативата за подигнување споменик „Мајка Македонија“ во Нови Сад предизвика реакции во Србија, Грција и Бугарија. Предлогот го поднесе Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија по повод 80-годишнината од доселувањето на Македонци во Војводина, јавува „Данас“. Станува збор за бронзена скулптура висока околу два метри, која би прикажувала жена во традиционална македонска носија … „Мајка Македонија“ во Нови Сад предизвика реакции од Грција и Бугарија Read More » The post „Мајка Македонија“ во Нови Сад предизвика реакции од Грција и Бугарија appeared first on Слободен печат.