klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Од средината на јули до крајот на август најопасен период за шумски пожари во Грција

Од средината на јули до крајот на август најопасен период за шумски пожари во Грција
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·07. 08. 2026. 08:11:00

Периодот од вторите десет дена од јули до последните десет дена од август е периодот во кој се случиле 23-те најголеми шумски пожари во Грција од 2007 година до денес, според анализата на метеоролошката служба Метео на грчката Националната опсерваторија, што конкретниот период го посочува како најопасен за појава на шумски пожари, јави дописничката на МИА од Атина. Од Метео преку анализата на пожарите во последните речиси 20 години одговараат на прашањето „Кој е најлошиот период за појава на шумски пожари во Грција?“, посочувајќи дека временските услови во конкретните шест седмици, односно сувата вегетација, високите температури, како и силните ветрови „создаваат поволни услови за брзо ширење на шумските пожари“. Во анализата биле вклучени 23 големи пожари во кои изгорената површина била над 4.000 хектари,а според податоците, седум од нив биле во последните десет дена од јули односно во периодот од 21 до 31 јули, пет во периодот од 11 до 20 август, по четири во првите десет дена од август и на крајот од истиот месеци и три во средината на јули. Од Метео додадоа дека постојат и неколку исклучоци од овој период од шест седмици и како пример наведоа неколку големи пожари: кон крајот на јуни во 2007 година…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti