Завршени 325 увиди во областите погодени од пожарите во Грција, 118 објекти се несоодветни за употреба

По пожарите што зафатија повеќе делови на Грција во изминатиот период, завршија проверките од Генералната дирекција за санација на последиците од природни катастрофи и спроведени 325 увиди со цел евиденција на штетите, процена на состојбата на објектите и навременото активирање на постапките за државна помош за погодените, при што 118 објекти биле обележани како „црвени“, односно несоодветни за употреба, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција соопштија дека се завршени 325 увиди на објекти, 88 се во „зелената категорија“, без штети, 119 објекти се во „жолтата“ и се потребни одредени интервенции, а во категоријата со најголеми штети, што најчесто треба целосно да се урнат се 118 од проверените објекти. Најголем број увиди биле извршени во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што пожарот речиси шест дена беше активен и биле спроведени вкупно 206 проверки, што покажале дека 84 објекти се несоодветни за употреба, 65 се во „жолтата категорија“, а останатите 57 се без штети. Во јужниот дел на островот Крит, во близина на градот Ретимно по пожарот од минатата седмица, по спроведените 55 увиди, 19 објекти се во „црвената категорија“. Проверки имало и во останатите делови на…
Povezane vijesti

Alta grupa za N1: Macura vraćen sa podgoričkog aerodroma, nije mu uručeno rješenje o zabrani ulaska u zemlju

Милан Терзиќ посака добри филмови и убави разговори
