Sjeverna Makedonija1263 vijesti
PolitikaВладата ја раскина концесијата за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница
Владата донесе длука за еднострано раскинување на договорот за концесија за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница. Одлуката, донесена на 30 јуни, излезе во Службен весник на 3 јули, а инвеститорот „Енерџи лукс“ од Кочани има 30 дена можност да се жали пред Управниот суд. „Енерџи лукс“ ја има концесијата од 2012 година, а Владата […]
PolitikaЗа коалицијата СДС-Левица важен е само интересот на Венко Заев и Апасиев, затоа на штета на државата и дијаспората го блокираат Изборниот закон
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДС и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, оценувајќи дека двете партии дејствуваат координирано и спротивно на интересите на државата. Од партијата тврдат дека предлог-законот ги содржи забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и предлозите што со месеци биле усогласувани во рамки на работната група со учество на политичките партии. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС се спротивставува на нивниот предлог македонската дијаспора да може да гласа по електронски пат или по пошта. Од партијата сметаат дека причината за тоа е страв од изборен пораз и од гласачите кои ја напуштиле државата за време на претходното владеење на СДС. Во соопштението се наведува и дека Левица, иако нејзините предлози поврзани со финансирањето на изборните кампањи биле прифатени, не го поддржува договорот што, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, бил подготвуван со месеци во рамки на работната група. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека со ваквата блокада не се нанесува штета само на дијаспората, туку се доведува во прашање и исполнувањето на реформските обврски на државата. Притоа потсетуваат дека Европската Унија повикала на политички консензус и навремено донесување на Изборниот законик. Партијата во соопштението упатува критики и за рејтингот на СДС и Левица, оценувајќи дека тоа влијае врз нивното…
PolitikaФидан: Европската безбедност не може да се сведе на ЕУ
Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека европската безбедност не може да се сведе на Европската Унија (ЕУ) и дека бара поширок пристап, нагласувајќи ја централната улога на Турција во безбедносната архитектура на континентот, јави Анадолија. Зборувајќи на настанот насловен како „Европската безбедност по самитот во Анкара: Зајакнување на соработката меѓу сојузниците на НАТО низ Европа“, организиран во Анкара од Центарот за стратегиски истражувања (SAM) на Министерството за надворешни работи и „Чатам хаус“, Фидан рече дека НАТО треба да се фокусира на градење долгорочен стратегиски капацитет, а не само на одговор на постојните закани, соопштија дипломатски извори. Фидан рече дека и покрај тензиите меѓу САД и Европа, не очекува тие да се претворат во неконтролирана криза на самитот на НАТО и дека учеството на американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде важно во менаџирањето со разликите. Тој нагласи дека европската безбедност бара сеопфатен пристап надвор од ЕУ, нагласувајќи ја централната улога на Турција во таа рамка. Фидан ја повтори поддршката на Турција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, и посочи дека одржувањето дипломатски контакти и дијалог со Русија, исто така, останува неопходно за европската безбедност. Тој додаде дека капацитетот на одбранбената индустрија на НАТО не треба да се…
Politika(ФОТО) Почнува клучниот Самит на НАТО во Анкара: Се пишува иднината на европската безбедност
САД веќе започнаа со намалување на својот ангажман и воени капацитети во Европа, која сега треба да... The post (ФОТО) Почнува клучниот Самит на НАТО во Анкара: Се пишува иднината на европската безбедност appeared first on 360 степени.
PolitikaЗемјите од НАТО на самитот ќе потпишат договори вредни десетици милијарди долари
Земјите членки на НАТО ќе потпишат одбранбени договори вредни десетици милијарди долари на самитот во Анкара на 7 и 8 јули, најави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за „Вашингтон пост“. – За време на самитот на НАТО во Анкара ќе бидат потпишани нови договори со компании од Европа и Северна Америка вредни […]
PolitikaСИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПРЕДВОДИ ТИМОТ на Самитот на НАТО во Анкара
Денеска и утре (7 и 8 јули) во Анкара се одржува Самитот на Северноатлантската Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација, предводена од претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска – Давкова, а составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор ...
PolitikaМинистерот Мисајловски на Самитот на НАТО во Анкара
Денеска и утре во Анкара се одржува Самитот на Северноатлантската Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација, предводена од претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска – Давкова, а составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински и началникот на Генералштабот на Армијата […] The post Министерот Мисајловски на Самитот на НАТО во Анкара appeared first on Република.
PolitikaРуте: Земјите од НАТО на самитот ќе потпишат договори вредни десетици милијарди долари
Земјите членки на НАТО ќе потпишат одбранбени договори вредни десетици милијарди долари на самитот во Анкара на 7 и 8 јули, најави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за „Вашингтон пост“. - За време на самитот на НАТО во Анкара ќе бидат потпишани нови договори со компании од Европа и Северна Америка вредни повеќе десетици милијарди долари. Исто така, ќе потврдиме дека инвестираме во клучни технологии за да ги исполниме безбедносните барања на денешницата и утрешницата – изјави Руте. Според него, на самитот во Анкара земјите од Северноатлантската алијанса имаат намера да му покажат на светот дека инвестираат во одбраната, го ребалансираат сопствениот безбедносен систем и ја засилуваат својата индустриска база. - Отсекогаш сум бил горд Европеец со трансатлантски поглед. Во главата и во срцето знам дека Европа и Северна Америка се посилни, попросперитетни и побезбедни заедно. НАТО е единственото место што ги обединува Соединетите Држави, Канада и Европа за на практичен начин да ги решаваат најитните прашања кои влијаат на нашата заедничка безбедност – Русија, тероризмот и конкуренцијата со системските ривали и извозниците на хаос – рече Руте. Самитот на НАТО ќе се одржи во Анкара денеска и утре, а заканите и предизвиците за евроатлантскиот регион, Украина…
PolitikaПретседателката Сиљановска Давкова на Самитот на НАТО во Анкара
Во турската престолнина Анкара денеска почнува дводневниот самит на НАТО на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа утре ќе учествува на Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што ќе се одржи во претседателскиот комплекс „Бештепе“. Таа ја ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за […] The post Претседателката Сиљановска Давкова на Самитот на НАТО во Анкара appeared first on Република.
PolitikaСиљановска Давкова учествува на Самитот на НАТО во Анкара
Во турската престолнина Анкара денеска почнува дводневниот самит на НАТО на кој ќе учествува и претседателката Гордана… The post Сиљановска Давкова учествува на Самитот на НАТО во Анкара appeared first on Fokus.mk.
PolitikaСиљановска Давкова учествува на Самитот на НАТО во Анкара
Во турската престолнина Анкара денеска почнува дводневниот самит на НАТО на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа ќе учествува на Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што ќе се одржи во претседателскиот комплекс „Бештепе“. Таа ја ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за одбрана Владо Мисајловски, и за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на Армијата. Покрај учеството на состанокот, во рамки на самитот македонската претседателка ќе има билатерални средби. Активностите почнуваат вечер со присуство на претседателката Сиљановска Давкова на свечена вечера приредена од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во чест на шефовите на држави и влади и нивните сопружници кои учествуваат на самитот. Дводневниот самит во Анкара ги собира лидерите од 32-те земји членки на НАТО, меѓу кои се американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, канадскиот премиер Марк Карни, финскиот претседател Александар Стуб, словачкиот претседател Петер Пелегрини, албанскиот премиер Еди Рама, бугарскиот премиер Румен Радев, црногорскиот премиер Милојко Спајиќ... На самитот ќе присуствуваат и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателот на…
PolitikaНова средба во Собранието за Изборниот законик
Во Собранието денеска се очекува повторно да се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги очекува ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 30 септември 2028 година. Подготвени се, како што наведуваат оттаму, да прифатат и една изборна единица. Левица во меѓувреме побарала државното финансирање за изборно рекламирање за партии со пратенички групи да биде 10 отсто и одлучувањето во ДИК да биде консензуално, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо. Во измените и дополнувањата на Изборниот законик што се во собраниска процедура и за коишто сега се поднесени околу 13.500 амандмани од СДСМ и Левица, најспорен беше предлогот за електронско гласање на дијаспората. СДСМ веднаш го одби овој предлог, а од партијата нагласуваат дека не се против гласањето на дијаспората, додавајќи дека таа и сега има можност да гласа, но дека се против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја. За Левица предлогот за електронско гласање на дијаспората беше прифатлив за сметка на зголемување на процентот за…