За коалицијата СДС-Левица важен е само интересот на Венко Заев и Апасиев, затоа на штета на државата и дијаспората го блокираат Изборниот закон

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДС и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, оценувајќи дека двете партии дејствуваат координирано и спротивно на интересите на државата. Од партијата тврдат дека предлог-законот ги содржи забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и предлозите што со месеци биле усогласувани во рамки на работната група со учество на политичките партии. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС се спротивставува на нивниот предлог македонската дијаспора да може да гласа по електронски пат или по пошта. Од партијата сметаат дека причината за тоа е страв од изборен пораз и од гласачите кои ја напуштиле државата за време на претходното владеење на СДС. Во соопштението се наведува и дека Левица, иако нејзините предлози поврзани со финансирањето на изборните кампањи биле прифатени, не го поддржува договорот што, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, бил подготвуван со месеци во рамки на работната група. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека со ваквата блокада не се нанесува штета само на дијаспората, туку се доведува во прашање и исполнувањето на реформските обврски на државата. Притоа потсетуваат дека Европската Унија повикала на политички консензус и навремено донесување на Изборниот законик. Партијата во соопштението упатува критики и за рејтингот на СДС и Левица, оценувајќи дека тоа влијае врз нивното…
Povezane vijesti

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Левица со амандмани го блокираат донесувањето на Изборниот законик

Венко Заев знае дека дијаспората нема да гласа за СДСМ затоа го блокираат Изборниот законик
